Инстаграм веќе го има трендот за 2018 – зелена сунѓереста пена за цвеќиња

Се сеќавате на цветните аранжмани декорирани околу зелена пена која впива вода и ги одржува цвеќињата подолго во живот? Е па, токму таа пена е еден од најпопуларните трендови во 2018-та.

Ако минатата година се изнагледавме видеа од гмечење слајми и сечење на глицерински сапуни, а во 2016 такви со мешање бои и играње со кинетички песок, од неодамна видеата со пена за цвеќиња собираат илјадници прегледи и лајкови.

Кога е сува, оваа пена е тврда и ронлива, но кога ќе се потопи во вода, станува вистински материјал за собирање „срценца“ на Инстаграм. Доколку во смесата се додаде малку боја или светкав прав, ефектот е уште подобар.

Секако, остатоците не се баш привлечни, но самиот процес на кршење и гмечење на оваа пена направи видеата да станат вирални и да привлечат луѓе да го испробуваат ова дома.

Еколозите пак, до сите оние кои сакаат да го следат овој тренд, препорачуваат да се внимава со остатоците, бидејќи не се биоразградливи и ја загадуваат нашата планета. Исто така, пената содржи и хемикалии, меѓу кои и формалдехид, кој го продолжува животниот век на цвеќињата употребени во аранжманот.

A post shared by ASMR twiggs (@turdtwig) on

Уште не сте ги начекале? Погледнете уште неколку од најпопуларните видеа на Инстаграм на следната страница.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар