Инстаграм диета: Докажан метод за намалување на апетитот

Едно психолошко истражување покажало необичен начин на водење диета. Гледањето во бескрајна низа фотографии од храна може да влијае врз вашата перцепција за оваа храна така што ја прави не толку привлечна за јадење. И покрај тоа што неколку фотографии можат да го зголемат вашиот апетит, спротивно од она што би го очекувале, преголемата изложеност на овој вид фотографии влијае сосема спротивно.

Инстаграм диета

Професорот Рајан Елдер, кој ја водел оваа студија вели:

„На некој начин, вие се изморувате од вкусот без да ја јадете храната. Тоа се нарекува сензорна здодевност. Откако ќе се заситите од овие фотографии, вие веќе немате потреба од вкусувањето на таа храна.“

Секој пат кога ќе погледнете нова фотографија со храна, вие едноставно уживате сè помалку и помалку. Истиот ефект можете да го забележите и за време на јадењето. Замислете ја вашата омилена чоколада и потсетете се каков вкус има првиот залак. Но, со секој нареден залак, вашето задоволство сè повеќе се намалува и се заситувате од овој вкус. Или пак, ви се случило ли некогаш да се „предозирате“ со одредена храна и потоа едноставно да немате повеќе желба да ја јадете? Токму тоа се случува и со долгото гледање во фотографии со храна.

За време на ова истражување, илјадници луѓе гледале и оценувале фотографии со храна. Една група гледала во фотографии со солена храна, додека пак другата гледала во благи десерти. Откако ќе завршеле со гледањето на овие фотографии, тие добивале и солен оброк и благ десерт кои исто така требале да го оценат. Резултатите покажале дека гледањето во солената храна довела до пониски оценки кај оние конзумирале солено, а истото се случило и со оние кои гледале во благата храна. Студијата заклучила дека колку повеќе фотографии со одредена храна гледате, толку помалку задоволство ќе добивате од тој вид храна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар