Инспиративни мисли од најсмешниот човек на планетата – Џим Кери!

Инспиративни мисли од најсмешниот човек на планетата – Џим Кери!

Џејмс Јуџин ‘Џим’ Кери е роден на 17 јануари 1962 година. Тој е канадско-американски актер, комедијант, импресионист, сценарист и продуцент. Но не мора да ви го кажуваме сѐ ова, бидејќи веќе добро знаете за кого зборуваме. Затоа и можеме веднаш да преминеме на важното – погледнете ги најинспиративните мисли на еден од најсмешните луѓе на светот и подгответе се за промена на погледот кон светот!

Инспиративни мисли од најсмешниот човек на планетата – Џим Кери!

„Многумина од нас го одбираат патот на стравот маскиран во практичност. Тоа што навистина го сакаме изгледа невозможно, вон дофат, и смешно за очекување, па така никогаш не се осудуваме да го побараме од универзумот. Но погледнете ме мене, јас сум доказ дека можете да го побарате од универзумот тоа што го сакате.“

„Секогаш ќе имате само две опции: љубов или страв. Изберете ја љубовта и никогаш не дозволувајте стравот да ве сврти против вашето разиграно срце.“

„Колку што знам, се работи за тоа да му дадете на универзумот до знаење што сакате и да работите на тоа, а за истото време да престанете да мислите на кој начин ќе се оствари.“

„Од искуство можам да ви кажам дека влијанието што го имате на другите луѓе е највредната валута што постои.“

„Правам свесен избор да ги набљудувам предизвиците како нешто корисно, за да можам да се носам со нив на најпродуктивниот можен начин.“

„Зошто да не ѝ дадете шанса на верата? Не на религијата, туку на верата. Не на надежта, туку на верата. Јас не верувам во надеж, таа ме исцрпува. Надежта шета низ огнот, додека верата прескокнува над него.“

„Вашата работа не е да сфатите како нешто ќе се одигра во вашиот живот, туку да ја отворите вратата во својата глава и кога ќе ви се отвори вратата во вистинскиот живот, едноставно да поминете низ неа. Не грижете се доколку го пропуштите својот ред. Секогаш ќе постои врата за отворање. Тие постојано се отвораат.“

„Искрено, сакам да бидам најголемиот актер што некогаш живеел. Би го сакал тоа. Но не морам да бидам. Сѐ што сакам е само да бидам тука. Тоа е сѐ.“

„Многу сум озбилен кога велам ‘не’ на алкохолот и на дрогата. Животот е преубав за нив.“

„Подобро да ризикувате да умрете од глад отколку да се предадете. Доколку се откажувате од своите соништа, што ќе ви остане?“

Откријте и кои важни лекции за животот и успехот можеме да ги научиме од Џим Кери!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар