Инспиративни цитати за животот од познатите цртани јунаци од детството

Возрасните честопати знаат да кажат дека цртаните филмови се со детски и незрели содржини. Но, понекогаш може пријатно да ве изненадат колку многу мудрости за животот и неговата убавина имаат кажано токму овие цртани јунаци. Погледнете ги овие инспиративни цитати кои ќе ве замислат, расположат и ќе ви дадат нов поглед на животот.

1-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_

„За некои луѓе вреди да се стопиш.“ – Олаф, „Замрзнато“

„Нашата надеж живее во нас, треба само да бидете доволно храбри за да ја видите.“ – Мерида, „Храбра“

„Љубовта е отворена врата.“ – Ана, „Замрзнато“

„Вложувајте надвор од вашата удобна зона. Наградата е вредна за тоа.“ – Рапанзел, „Заплеткано“

2-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_

„Нека вашата совест секогаш биде вашиот водич.“ – Сината вила, „Пинокио“

„Ние имаме многу заеднички работи, иста земја, ист воздух, исто небо… Можеби, ако почнеме да гледаме што имаме заедничко наместо секогаш да бараме што ни е поразлично… па, кој знае?“ – Мјау, „Покемон“

„Колку прекрасни цветови имаме оваа година. Но види, ова задоцнило. Но, се обложувам дека кога ќе расцвета ќе биде најубаво од сите.“ – Фа Зоу, „Мулан“

„Понекогаш треба да навлеземе длабоко во себе за да ги решиме своите проблеми.“ – Патрик, „Сунѓерот Боб“

„Никогаш нема да бидете премногу стари за да сè чувствувате младо.“ Снежана, „Снежана и седумте џуџиња“

3-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_

„Неуспехот во нешто е првиот чекор за да станете многу добри во некоја работа.“ – Џејк, „Време за авантура“

„Охана значи семејство. Семејство пак, значи никој да не биде оставен или пак заборавен.“ – Стич, „Лило и Стич“

„Не можам да се вратам вчера, бидејќи тогаш бев поинаква личност.“ – Алиса, „Алиса во земјата на чудата“

„Вистинскиот херој не сè мери со големината на неговата сила, туку во силата на неговото срце.“ – Зевс, „Херкулес“

„Само затоа што не можам да го видам, не значи дека не можам да верувам во тоа.“ – Џек Скелингтон, „Кошмарот пред Божиќ“

„Ох да, минатото може да боли. Но, ти може да бегаш од него или пак да научиш од него.“ – Рафики, „Кралот Лав“

„Дури и за чудата е потребно малку време.“ – Добрата вила, „Пепелашка“

4-inspirativni-citati-za-zhivotot-od-poznatite-crtani-junaci-od-detstvoto-kafepauza.mk_

„Бајките може да станат реалност. Мора да направите да се случат. Сè зависи од вас.“ – Тијана, „Принцезата и жабата“

„Да се смееш на себе е да се сакаш себе.“ – Мики Маус, „Мики Маус“

„Сè е возможно кога имате внатрешен мир.“ – Мастер Шифу, „Кунг фу Панда“

„Во секоја работа што треба да сè направи има малку забава.“ – Мери Попинс, „Мери Попинс“

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар