Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

Новите почетоци се секогаш најтешки. Но, тие се случуваат со причина. Иако се многу болни, тие се здрави и најчесто се вистинскиот избор. Без разлика дали станува збор за работа, партнер, пријател или место на живеење, овие работи сте ги оставиле зад себе затоа што токму тоа требало да го направите. Вдишете длабоко и продолжете понатаму. Првата недела е најтешка, па затоа послужете се со следниве инспиративни цитати за мотивација.

Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

Тие ќе ви помогнат да ги пребродите моментите кога ќе се каете поради она што сте го напуштиле. Но, не заборавајте дека сте биле повредени, а тоа не го заслужувате. Овие цитати ќе ви помогнат да сфатите дека она што сте го оставиле зад себе не било тоа што ви треба. Нормално е понекогаш да заборавате зошто всушност сте заминале. Меѓутоа, новиот живот ќе ве остави без зборови за разлика од претходниот.

Следниве цитати ќе ве потсетат дека новите почетоци се корисни. Прифатете го вашиот нов стан, работа или сингл живот. Немојте да се откажувате кога нештата ќе се влошат. Сега сте посилни од кога било! Прочитајте ги овие инспиративни цитати што ќе ви ја дадат потребната мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток…

Исправете се, рацете на колковите и гордо чекорете

„Сега ќе го направам она што е најдобро за мене.“ – Џон Грин

Наредниот пат нема да боли толку многу

„Вдишете длабоко, соберете се, избришете ја прашината од себе и почнете отпочеток.“ – Непознат автор

Зошто продолжувањето понатаму се вика нов почеток?

„Она што изгледа како крај, најчесто е нов почеток.“ – Непознат автор

Можете да го сторите тоа!

„Можете да ги сакате, да им простите, да им посакувате сѐ најдобро, но сепак да продолжите понатаму без нив.“ – Менди Хејл

Во името на подобрите и посветлите работи!

„Живеете, учите, се усовршувате.“ – Непознат автор

Инспиративни цитати што ќе ви дадат мотивација да соберете сила и да почнете отпочеток

Прекрасна пеперутка!

„Само што гасеницата помислила дека дошол крајот на светот, се претворила во пеперутка.“ – Непознат автор

Ја имате потребната сила!

„Ако нешто ви значи, никогаш не е предоцна да станете личноста којашто посакувате да бидете. Се надевам дека ќе живеете живот на кој ќе се гордеете, а ако дознаете дека тоа не е така, се надевам дека ќе имате сила да почнете отпочеток.“ – Ф. Скот Фицџералд

Главата горе, гордо исправете се и гледајте напред!

„Има многу многу подобри нешта што нѐ чекаат напред, за разлика од оние што сме ги оставиле зад себе.“ – К. С. Луис

Секој ден почнувајте го постепено

„Прво кафе, па потоа светот.“ – Непознат автор

Вие го заслужувате тоа!

„Кога не можете да се сетите на причина за да продолжите понатаму, мора да смислите причина за да почнете отпочеток.“ – Линда Поиндекстер

Зграпчете ја оваа шанса и бегајте!

„Не плашете се да почнете отпочеток. Тоа е нова шанса одново да го изградите она што навистина го сакате.“ – Непознат автор

Бидете позитивни кога ќе почнувате отпочеток

„Наместо да кажете ’Јас сум оштетен/а, јас сум скршен/а, јас имам проблеми со довербата’, кажете ’Јас заздравувам, јас одново се пронаоѓам себеси, јас почнувам отпочеток’.“ – Хорацио Џоунс

Верувајте дека ќе можете да поминете низ сите потешкотии

„И одеднаш ќе знаете дека е време да почнете нешто ново и да ѝ верувате на магијата на почетоците.“ – Непознат автор

Прочитајте ги и следниве 10 цитати кои ќе ја зајакнат вашата мотивација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар