Инспиративни цитати што ќе ги разберат само најголемите љубители на виното

Само љубителите на виното знаат дека една чаша од овој магичен пијалак може да го реши кој било проблем. Виното ни дава утеха по долгиот и напорен ден на работа. Виното е тука за да ни го подигне расположението кога треба да излеземе со пријателите. А сигурно знаете и колку добар придружник е виното додека лежите на каучот и уживате во некоја добра книга или во вашата омилена серија. Доколку можете да разберете за што зборуваме, тогаш сигурно ќе се пронајдете во следниве инспиративни цитати за виното…

Инспиративни цитати што ќе ги разберат само најголемите љубители на виното

„Виното е како самолеплива лента. Може да поправи сѐ.“ – Непознат автор

„Најмногу сакам да го пијам виното што им припаѓа на другите.“ – Диоген

„Можам да направам виното да исчезне. Која е вашата супермоќ?“ – Непознат автор

„Среќата не се купува со пари, но виното може да се купи, а тоа е горе-долу истата работа.“ – Непознат автор

„Јас сум како добро вино. Станувам подобра како што стареам. Најдоброто допрва доаѓа.“ – Ришел Мид

„Вечната младост подразбира пиење многу вино.“ – Непознат автор

„Пивнете малку вино и смејте се многу.“ – Непознат автор

„Вино! Затоа што ниту една добра приказна не започнала со човек кој јадел салата.“ – Непознат автор

„Кога животот ќе ви даде лимони, продајте ги за да купите вино.“ – Непознат автор

„Секако дека вашиот принц ќе дојде, но за секој случај, имајте си вино и чоколадо.“ – Непознат автор

„Виното го претвора секој оброк во посебна прилика, ја прави секоја маса поелегантна и секој ден поцивилизиран.“ – Андре Симон

Прочитајте ги и овие 11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар