Инспиративни цитати од Винстон Черчил

Инспиративни цитати од Винстон Черчил

Сер Винстон Ленард Спенсер – Черчил бил британски политичар, најпознат по своето владеење во Велика Британија за време на Втората светска војна. Се смета за еден од најголемите лидери на векот. Покрај политиката тој бил познат и како оратор, офицер во Британската армија, историчар, писател и артист. Черчил е единствениот претседател кој има добиено Нобелова награда во областа на литературата. Еве еден мал дел од неговата колекција на цитати која ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.

Инспиративни цитати од Винстон Черчил

„Никогаш, никогаш, никогаш не откажувајте се.“

„Најдобрите нешта се едноставни и голем дел од нив можат да бидат изразени со еден збор: слобода, правда, чест, должност, милост, надеж…“

„Храброст е она што е потребно за да станете и прозборите; храброст исто така е и она што ви треба за да седнете и слушате.“

„Лагата ќе го помине целиот свет пред вистината да добие можност да си ги облече панталоните.“

„Ние сме господари на некажаните зборови, но робови на оние кои ќе ни се испуштат.“

„Песимистот гледа потешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја потешкотија.“

„Ставот е мало нешто кое прави голема разлика.“

„Нека нашата предвремена загриженост премине во предвремено размислување и планирање.“

„Постојан труд – не сила или интелигенција – е клучот за откривање на нашиот потенцијал.“

„Има само една работа која е потешка од борење со сојузниците, тоа е да се борите без нив.“

Инспиративни цитати од Винстон Черчил

„Шегата е сериозна работа.“

„Постојат 2 нешта кои се потешки од говор после вечера: да се качите на ѕид кој се навалува накај вас и да бакнете девојка која пробува да се тргне од вас.“

„Вистината е непроменлива, злобата може да ја напаѓа, незнаењето може да ја исмејува, но на крај таа сепак е таму.“

„Успех е одење од неуспех во неуспех без губење на ентузијазмот.“

„Ако одите низ пеколот, продолжете да се движите.“

„Сакам човек кој се потсмева додека се бори.“

„Живееме според тоа што го добиваме, но го си го градиме животот според тоа што го даваме.“

„Јадењето зборови никогаш не ми предизвикало лошо варење.“

„Имате непријатели? Супер. Тоа значи дека некогаш сте се бореле за нешто во вашиот живот.“

„Можеби сум пијан госпоѓо, но наредното утро ќе бидам трезен, а вие сè уште ќе бидете грда.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар