Инспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовта

Идејата да се биде посветен на една личност до крајот на животот буди чувства на сигурност, страв и исполнетост. Љубовта е појава што тешко може да се објасни и дефинира, но сепак мајсторите на пишаната мисла барем до некаде успеваат да го преточат овој комплексен феномен во зборови. Во продолжение прочитајте ги најубавите цитати за посветеноста во љубовта од најталентираните писатели во светот…

Инспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовта

„Без посветеност, постојат само ветувања и надеж, но не и планови.“ – Питер Ф. Дракер

„Слободата не е отсуство на обврски, туку способност да се одберат вистинските и човек целосно да се посвети на она што е најдобро за него.“ – Пауло Коелјо, „Захир“

„Посветеноста е дело, а не збор.“ – Жан-Пол Сартр

„Мора да разбереме дека не може да постојат врски без посветеност, лојалност, љубов, трпение и упорност.“ – Корнел Вест

„Без посветеност, нема да можете во ништо да постигнете длабочина, без разлика дали се работи за врска, бизнис или хоби.“ – Нил Штраус, „Игра“

„Изреката дека човек чека цел живот за да се појави неговата сродна душа е парадоксална. На луѓето им се смачува да чекаат. Пробајте си ја среќата со некого и со помош на посветеноста станете сродни души, но имајте на ум дека ќе ви треба цела вечност за да го усовршите тоа.“ – Крис Џеми

„Сѐ додека човек не се посвети на нешто, ќе постои двоумењето, сомнежот и непродуктивноста.“ – Вилијам Хачинсон Мареј

„Поставете критериуми. Престанете да очекувате од другите да ви покажат љубов, прифаќање, посветеност и почит, кога ни самите не си го покажувате тоа на себе.“ – Стив Мараболи

Инспиративни цитати од познати писатели за посветеноста во љубовта

„Да се вљубите и да се посветите на љубовта значи дека вашиот сакан ќе биде единственото нешто што ќе го цените најмногу на светот.“ – Коу Јонеда

„Кога мажите ќе чујат дека жените сакаат посветеност, мислат дека станува збор за посветеност на љубовната врска, но не се работи за тоа. Се мисли на тоа да не се талка насекаде наоколу. Сакам маж кој има стабилен живот.“ – Минди Калинг

„Љубовта, пред сѐ, е посветеност на сопствениот избор.“ – Роб Лиано

„Ми се чини дека постои тенка граница помеѓу лудоста и преданоста. Таа граница ја нарекувам посветеност.“ – Џереми Алдана

„Доколку не знаете да ја цените туѓата посветеност, вашата лична посветеност исто така ја губи нејзината вредност.“ – Рам Мохан

„Лесно е да се посветите на саканата личност 5 минути. Голема обврска е да се посветите на саканата личност целиот живот веднаш откако сте ја запознале. Но, кога ќе се посветите на саканата личност пред да ја запознаете до крајот на животот, тоа е најголемата посветеност што еден човек може да ја понуди во врската.“ – Том Хоук

„Љубовта цути и венее, но честа, должноста и посветенста се постојани и стабилни. Тие ја дефинираат вашата личност.“ – Ришел Е. Гудрич

„Доколку сакате маж кој е посветен, побарајте го во ментална институција.“ – Александра Потер, „Дали често доаѓате овде?“


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар