Инспиративни цитати од големиот Мухамед Али

Страста и филозофијата на Мухамед Али со кои ѝ пристапува на борбата во рингот и воопшто во животот се такви што можат да бидат инспиративни за секого што има некаков предизвик пред себе.

Инспиративни цитати од големиот Мухамед Али

„Го мразев секој миг од тренингот, но си реков: „Не се откажувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион.“

„Повторувањето на моментите на себедокажување води кон верба. А штом вербата стане длабоко убедување, тогаш нештата почнуваат да се случуваат.“

„Јас сум најголемиот. Го реков тоа уште пред да знам дека сум.“

„Тој што не е доволно храбар да преземе ризици нема да постигне ништо во животот.“

„Ако може да се добие пеницилин од мувлосан леб, сигурно ќе биде нешто и од тебе.“

„Знам кон што се движам, ја знам вистината и не сакам да бидам она што вие сакате да бидам. Имам слобода да бидам она што јас сакам.“

„Лебди како пеперутка, касај како пчела.“

„Битката се добива или губи далеку од публиката – зад линиите во салата за вежбање, и надвор на улиците, многу порано пред да почнам да танцувам под оние светла.“

„Дома сум фин човек, но не сакам светот да го знае тоа. Скромните луѓе, според моето искуство, не стигнуваат многу далеку.“

Инспиративни цитати од големиот Мухамед Али

„Само човек што знае како е да бидеш поразен може да посегне во дното на својата душа и да извади уште сила која му е потребна кога борбата е изедначена.“

„Човек без имагинација е човек без крила.“

„Толку сум брз што синоќа го исклучив светлото во мојата соба во хотелот и бев во кревет уште пред да стане темно.“

„Молчењето е злато кога не можеш да смислиш добар одговор.“

„Јас не сум најголемиот. Јас сум двојно од најголемиот. Не само што ги нокаутирам сите, туку ја бирам и рундата.“

„Петелот кукурика само кога ќе го здогледа светлото. Ставете го во темно и никогаш нема да кукурика. Јас сум го видел светлото и затоа кукурикам.“

„Животот е коцка. Може да се повредиш, но луѓето умираат во авионски несреќи, ги губат рацете и нозете во автомобилски несреќи, луѓето умираат секој ден. Исто е и со боксерите: некои умираат, некои се повредуваат, некои одат понатаму. Само не смееш да си дозволиш да веруваш дека тоа ќе ти се случи тебе.“

„Човек кој на 50 години гледа на светот исто како кога имал 20, загубил 30 години од својот живот.“

„Не е фалење ако можеш да го поткрепиш тоа што го кажуваш.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар