Иновативни шишиња: Читајте книга додека пиете вино

Иако најчесто се верува дека виното одговара со одредена храна, компанијата Reverse Inovation верува дека виното најдобро се служи со добра книга. Миланската агенција за дизајн на производи се здружила со Матео Корегиа, винарница која има добивано многу награди, со цел да ги создадат вината со книжевни содржини – Либротиглиа.

Иновативни шишиња: Читајте додека пиете вино

Составена од три вина, две црвени и едно бело, линијата Либротиглиа се одликува со нејзиниот уникатен изглед. Името е комбинација на двата италијански зборови „книга“ и „шише.“ Со чистиот, минималистички дизајн, шарениот изглед и информациите за сортата на виното, годината и регионот од каде потекнува, секое шише може да изгледа обично. Но, со затегнување на врвката која е околу него, ќе откриете дека етикетата всушност е мала книга! Ова ви нуди одлична можност да се релаксирате додека го пиете вашето омилено вино.

Иновативни шишиња: Читајте додека пиете вино

Агенцијата овластила тројца автори за пишување на литературните придружници на овие вина. За сега, тие се достапни само во Италија.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар