Имате ли лице создадено за успех?

Имате ли лице создадено за успех?

Велат дека убавината се наоѓа во очите на оној што гледа, но сепак некои карактеристики на лицето нè откриваат пред светот, сакале ние или не. Барем така тврди една студија која ја проучувала корелацијата помеѓу фацијалните карактеристики и личноста на поединците. За да оцениме некого доволни ни се само 13 милисекунди, што е пократко време од она во кое можеме свесно да ги разбереме и дешифрираме импулсите кои со визуелната стимулација допираат до нашиот мозок.

imate-li-lice-sozdadeno-za-uspeh-kafepauza.mk

Дали сте се запрашале некогаш што вашето лице открива за вас? Еве некои сознанија на та тема до кои е дојдено по пат на научни истражувања.

1. Бринетите полесно добиваат работа. Студија спроведена на 136 студентки на Калифорнискиот државен универзитет која вклучувала праќање идентични апликации за работа покажала дека бринетите без шминка најлесно добиваат работа и најголема плата. Од друга страна, жените кои носеле умерено шарена шминка се оценети како посимпатични.

2. Во неодамнешна студија на англискиот универзитет „Јорк“ се покажало дека некои луѓе и тоа како имаат лице создадено за политика. Мажествените црти, јаките веѓи и ниско поставените јаболчници се карактеристики на личности кои се сметаат за поагресивни, поспособни и поверодостојни, додека отворениот поглед и високо поставените веѓи се карактеристични за потопли и понаивни личности.

3. Сините очи се попривлечни и имаат еволутивна предност во контекст на сексуалната селективност, барем така тврди Алистер Мофат, директор на центарот „BritainsDNA“. Од друга страна, луѓето со потемни очи се проценувани како поверодостојни и оставале поголем впечаток, според заклучоците на една студија од 2013 година.

4. Насмевката и држењето се важни за проценување на нечија старост и квалитет на животот. Поголемите насмевки нè прават визуелно помлади, а луѓето со уморни или напнати држења се оценувани како осамени.

5. Просечното е пожелно. Мажите се привлечени од лица кои не се ниту презаоблени ниту претенки, објавило едно финско истражување спроведено во 2013, кое воедно ја теоретизирала потенцијалната поврзаност помеѓу здравата тежина и перцепцијата за плодност.

6. Перспективата е важна. Ова ќе биде посебно интересна информација за зависниците од селфи – жените се сметале за поатрактивни кога лицето на фотографии им било благо спуштено кон долу, што имитира поглед одозгора. Од друга страна, лицата насочени кон горе, мажите ги оценувале како помалку женствени и атрактивни.

7. Слатките лица можат истовремено да бидат и благослов и проклетство. Во едно истражување личностите со големи очи, мал нос и округла линија на челото т.н. „бејби фејс“ биле поретко тужени за хипотекарни криминални активности, за разлика од луѓето со поостри црти кои биле оценети како кандидати за работа на висока позиција, како на пример директори.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар