Имајте на ум дека не сте сами: Отворено писмо кое треба да го прочита секоја самохрана мајка!

Имајте на ум дека не сте сами: Отворено писмо кое треба да го прочита секоја самохрана мајка!

Ова писмо нема да го разбере секој, но на сите самохрани мајки ќе им биде многу полесно откако ќе го прочитаат.

1-imajte-na-um-deka-ne-ste-sami-otvoreno-pismo-koe-treba-da-go-prochita-sekoja-samohrana-majka-www.kafepauza.mk_

Драги самохрани мајки, Новата година пристигна, па сакам да ви кажам нешто многу важно, бидејќи знам колку ви е тешко.

Ова е најтешкиот период од годината за многу мајки. Тоа го знам многу добро, бидејќи и јас сум скоро 5 години самохрана мајка.

Празниците секогаш ми биле најтешки. И понатаму можам да почувствувам интензивна тага која е помешана со жалење и страв кој ги почувствував во правата Нова година. Точно се сеќавам на сите чувства. Бев осамена. Сè беше поразлично.

Најтешкиот дел како самохрана мајка за мене претставуваше интензивното чувство на одговорност. Секој ден одговорноста паѓаше целосно на мене – грижата, негата, учењето, воспитувањето – имав чувство дека не постои место каде што ќе можев да се сокријам барем на минута и повторно да бидам, барем за момент, безбедна.

А потоа, на сето ова додајте ги празниците – купувањето поклони, пакувањето, набавувањето елка, украсувањето… Сакав моите деца секоја година да имаат нормални празници, и секоја година бев преплавена со обврски.

Не е лесно да се биде самохрана мајка и затоа сакам да ви кажам дека НЕ СТЕ САМИ!

Дури и кога немате баш никаква помош…

Дури и ако таткото на вашите деца заминал и никогаш не ви се јавил…

Не сте сами.

Господ ве чува. Тој е најдобриот татко кој можете да го замислите.

Се молам и оваа година да се грижи за вас како и секоја претходна.

Се молам, без оглед на тоа колку ви се тешки работите во овој момент, да успее да ве потсети дека тој не прави грешки. Вие сте точно онаму каде што треба да бидете.

Се надевам дека барем малку ќе се одморите.

Се надевам дека луѓето кои ве сакаат ќе ве обвијат со внимание и ќе ви помогнат во домот.

Се молам вашите деца да ви овозможат повеќе прегратки, нежно галење и низа насмевки.

Дури и да не се случи ова, се надевам дека ќе ми поверувате кога ќе ви го кажам ова:

Вие сте мајка. Вие сте неверојатно посебни и моќни!

Во животот на вашето дете не постои никој друг кој може да се мери со вас. Вие можете да преживеете и да остварите сè, и тоа и ќе го направите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар