Игра на неделата: Sonic

За оваа недела одбравме игра која ќе не врати малку во минатото, односно во 1991 година. Компанијата „Sega“ во тоа време ја извади ултрапопуларната игра „Sonic the Hedgehog“ која стана вистинска зараза низ светот, па низ следната декада се снимија серии, долгометражен филм, излезе стрип и уште неколку игри. Изборот падна на оваа игра, но не на оригиналната верзија од „Sega“.
Игра на неделата: SonicАвантуристичката игра е многу интересна, а вашата задача е да го поминете нивото, притоа собирајќи прстени и справувајќи се со непријателите. Прстените ви се гаранција да не загубите живот. Движете се на стрелките, а скокајте на „space“. Покрај Соник, можете да одберете и еден од останатите ликови со кој ќе ја играте играта. Уживајте…

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар