Идеи за вечера во Париз

Париз – градот на светлината, романтиката, љубовта и секако, храната. За вистински да го доживеете градот и француската кујна, разгледајте ги следниве прекрасни идеи за вечера во Париз.

Пикник

Една од најлесно остварливите идеи за вечера во Париз е пикникот. Купувањето состојки и одбирањето на совршеното место е многу забавно. Прошетајте по уличните штандови за храна, пекарниците, слаткарниците, каде сигурно ќе најдете нешто вкусно. Исто така, не заборавајте да изберете некое сирење, месо и француски леб.

Идеи за вечера во Париз

Крстарење

Крстарењето по Сена е еден од најдобрите начини да се доживее градот. Во комбинација со добра храна пак, претставува посебно искуство. Уште една интересна идеја за убава и необична вечера во Париз.

Идеи за вечера во Париз

Организирана прошетка

Покрај толку многу штандови, продавници, ресторани и вкусна храна во Париз, навистина е тешко да се одбере вистинската храна и ресторан. Затоа, ако сакате да истражувате и повеќе да се информирате, најдобро е да одите на организирана прошетка. Можеби нема да ви ги покажат најдобрите места, но секако ќе откриете места и видови храна за кои не сте ни знаеле дека постојат. Ќе си поставите стандарди и потоа полесно ќе се одлучите.

Идеи за вечера во Париз

Луксузен ресторан

Доколку ви дозволува буџетот, штета е да не отидете во некој од луксузните ресторани во Париз. Франција е лидер во бројот на ресторани со Мишелин ѕвезди, вкупно 954. Само во Париз има 79 ресторани со Мишелин ѕвезди, од кои 10 се со три Мишелин ѕвезди. Доколку не можете да си дозволите, одете во модерно бистро или вечерајте во хотел со три ѕвезди.

Идеи за вечера во Париз

Часови за готвење

Во Париз се организираат часови за готвење кои сигурно ќе ви помогнат да се усовршите, а и подобро да ја запознаете француската кујна. Има работилници каде се изучува изработка на чоколадни производи, слатки, печива итн.

Идеи за вечера во Париз

Дегустација на вино

И при дегустациите на вино, има вклучена храна, иако во помали количини. Можете да посетите некои од античките визби во градот или пак да одите во луксузните ресторани, каде може да уживате во вкусни вина и француска храна.

Идеи за вечера во Париз

Домашна вечера

Нема ништо поавтентично од домашно зготвена француска храна. Не грижете се доколку вашето семејство и пријатели не се во Париз, бидејќи може да одите на организирана вечера со традиционална француска храна, во типичен француски дом.

Идеи за вечера во Париз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар