И Обама заигра во Гангнам стил?

И Обама заигра во Гангнам стил?

Ова видео навистина ќе ве изнасмее до солзи. Зарем и старо-новиот американски претседател Барак Обама, го фати светската зараза од Гангнам стилот? 🙂

Колку и да наликува на него, сепак станува збор за неговиот двојник, актерот Реџи Браун, кој преправен како него, покажува како Обама се крши од играње, додека ја прави својата верзија на корејскиот ултра хит „Gangnam Style.“И Обама заигра во Гангам стил?Видеото се појави на Јутјуб и стана голем хит, а голем дел од гледачите беа убедени дека тоа е навистина Обама, со неговата сопруга Мишел. Бидејќи постојано добивал прашања во врска со видеото, и самиот претседател морал да одвои време за да го изгледа.

Штотуку го гледав видеото првпат. Мислам дека можам да ги направам тие движења, но не сум сигурен дека на инаугурацијата ќе биде вистинско време да го покажам тоа. Можеби, ќе го направам тоа приватно, за Мишел.“ – вели Обама за американската новинска агенција Associated Press.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар