И најсилните плачат: 7 видови најлоши болки кои човечкото тело може да ги издржи

И најсилните плачат: 7 видови најлоши болки кои човечкото тело може да ги издржи

Постојат луѓе кои можат да издржат забарска интервенција без анестезија, додека други паѓаат во несвест при самата помисла на вадење крв. Болката е всушност субјективно чувство, бидејќи секој од нас има различен праг на толеранција, но овие 7 видови болки се најсилните кои еден човек може да ги почувствува. Тие се толку силни, што дури и најхрабрите можат да ги доведат на колена со солзи во нивните очи.

И најсилните плачат: 7 видови најлоши болки кои човечкото тело може да ги издржи

Онаа болка која потекнува од живците, а не од ткивата е обично поинтензивна. Потсетете се само на моментот кога стоматологот ќе го допре забниот живец за време на интервенцијата. Особено тешки се оние болки кои доаѓаат во ненадејни и силни бранови, па луѓето се во постојано исчекување од следниот удар. Погледнете ги следниве 7 видови болки кои пациентите ги опишуваат како најлоши и најсилни кои човечкото тело може да ги издржи…

Екстремни главоболки

Луѓето кои патат од тешки главоболки понекогаш трпат едвај издржливи болки. Тие се оценуваат и како полоши од породилните болки без анестезија, прострелните рани и скршениците. Околу 15% од целата популација боледува од мигрени, додека само 0,1% од нив доживуваат екстремни главоболки.

Камен во бубрег

Камењата во бубрезите предизвикуваат интензивна болка во грбот и околу бубрезите, која се шири кон стомакот и препоните, и која е проследена со мачнина, повраќање и непријатен мирис на урината. За среќа, оваа состојба успешно се лечи со зголемено внесување течности во организмот, а во екстремни случаи и со операција.

Тригенална неуралгија

Оваа состојба се опишува како најлошата болка која може да ја доживее човечкото тело. Таа влијае на живците кои испраќаат пораки од центарот на лицето кон мозокот, па оние кои страдаат од неа чувствуваат силна и остра болка во пределот на целото лице. Болката е толку силна што пациентите со неверојатна прецизност се сеќаваат на моментот и местото каде што прв пат им се случила.

Повреда на ‘рбетниот мозок

Личностите кои патат од оваа состојба можат да почувствуваат болка во екстремитетите кои веќе не ги имаат, поточно во ампутираните или изгубените делови на телото. Во оваа ситуација, мозокот чувствува дека сè уште постои отстранетиот екстремитет бидејќи не го регистрира остатокот, туку само болка на неговото место.

Изгореници

Изгорената кожа предизвикува константна болка која се влошува со нејзино растегнување бидејќи нервите под неа се оштетени. Исто така, давањето каква било помош во вид на чистење создава дополнителни болки кои се полоши одошто можете да замислите.

Камења во жолчката

Ненадејната болка која трае од 1 до 5 часа и е проследена со повраќање и грозница најчесто настанува поради камења во жолчката. Симптомите се слични како оние кои ги предизвикуваат камењата во бубрезите, но камењата во жолчката се направени од холестерол, а не од калциум. Здравата исхрана и вежбањето ги намалува шансите за заболување и од двете состојби.

Породување

Секој има различно искуство со породувањето, но овој вид болка обично се користи како мерна единица за сите останати бидејќи се смета дека е на самиот праг од тоа што женското тело може да го издржи. Единствената предност на оваа болка е што не станува збор за болест и што поминува веднаш по раѓањето на бебето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар