Хорор кавга во едно њујоршко кафуле

Гостите во едно кафуле во Њујорк останале збунети и преплашени од една чудна кавга помеѓу момче и девојка. Девојката којашто си го пиела кафето на нејзината маса, се „изнервирала“, поточно збеснала откако едно момче ѝ го истурило врз нејзиниот лаптоп. Продолжението на кавгата се претвора во надреална хорор приказна која треба да ја погледнете со сопствени очи, за да ја разберете.

Вака барем изгледала оваа сцена за неупатените гости. Екипата којашто ја монтирала сцената за скриена камера, знаела за што станува збор. Изведениот перформанс е снимен за рекламни цели, по повод римејкот на култниот филм „Кери“ од 1976 година. За оние кои не знаат за што станува збор, тоа е хорор филм во кој се појавува срамежлива девојка која ја малтретираат нејзините врсници, но и сопствената мајка. Таа потоа открива дека има необични телекинетички моќи. Филмот бил номиниран за Оскар во две категории, а снимен е според романот на Стивен Кинг.Хорор кавга во едно њујоршко кафуле


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар