Херман Хесе: Во животот не постои никаква должност освен таа да се биде среќен

Сите ние имаме право да бидеме среќни. И не само право, туку и должност. Зарем вреди да се живее животот без ова моќно чувство, кое дава сила, енергија и издржливост? Кое ни овозможува мотивација да продолжиме понатаму, гордо… Прочитајте како Херман Хесе гледал на среќата и дозволете му да ве инспирира да продолжите со вашата потрага по посреќен и поисполнет живот.

Херман Хесе: Во животот не постои никаква должност освен таа да се биде среќен

Во животот не постои никаква должност

освен должноста: да се биде среќен.

Само затоа сме на светот,

а со сите должности,

сите морали

и сите заповеди

ретко чиниме среќа едни на други,

бидејќи и себеси на тој начин не се правиме среќни.

Ако човекот може да биде добар,

тоа може да го направи само

кога е среќен,

кога во себе има рамнотежа,

односно кога се сака.

Тоа беше неговото учење,

единственото учење на светот.

Тоа го кажал Исус,

тоа го кажал Буда,

тоа го кажал Хегел.

За секој на овој свет

единственото нешто важно

е неговото сопствено највнатрешно,

неговата душа,

неговата способност да љуби.

Ако тоа е во ред,

тогаш е сеедно

дали се јаде просо или колачи,

дали се носи накит или партали;

тогаш светот е во согласност со душата,

тогаш е добро.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар