Хемијата во секојдневниот живот

Голем број примери поврзани со хемијата се дел од нашиот секојдневен живот, почнувајќи од реакциите што се случуваат при дишењето, хемиските компоненти на храната што ја внесуваме и водата што ја пиеме. Колку и да не сте ги сакале часовите по хемија на училиште, сепак таа е застапена во нашите животи, ви се допаднало тоа или не :).

Процеси како што е промената на бојата на листовите, готвењето на храната и многу други, се само мал дел од хемиските реакции што се случуваат околу нас.Хемијата во секојдневниот живот

  • Водата, која што зафаќа 70% од Земјата е составена од водород и кислород.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Сапунот претставува емулгатор кој дозволува маслото и водата да се мешаат, па така мрсните дамки од облеката и од телото можат полесно или потешко (во зависност од тврдокорноста на дамката), да се отстранат со апликација на сапун и вода.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Пареата која се ослободува додека се готви храната е или од водата која се додава при готвењето или од самите состојки на храната.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Кромидот ве тера на плачење поради присуството на сулфур во неговите клетки. При сечењето, сулфурот се ослободува и мешајќи се со влагата во воздухот ги иритира очите.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Ние се заљубуваме, се приврзуваме и имаме чувство на припадност благодарение на одредени моноамини кои се наоѓаат во нашиот мозок и се нервно стимулирани.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Ако се прашувате зошто е небото сино, тоа се должи на феноменот наречен „Rayleigh scattering“, односно расејување на светлината. Тоа зависи од расејувањето низ честички кои се многу помали од брановата должина. Оттука, кога светлината проаѓа низ гасови, има расејување, па небото изгледа сино.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Кафето не одржува будни поради присуството на состојката аденозин во мозокот. Таа се врзува за одредени рецептори и ја забавува активноста на нервните клетки што го сигнализираат сонот. На нервните клетки, кофеинот им изгледа како аденозин, па врзувајќи се со рецепторите, наместо да не забави, тој не забрзува.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Продуктите како јогурт, леб и торти, се резултат на анаеробната ферментација која се одвива во присуство на корисни бактерии што ја прават храната помека и понарасната.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Синџирот на исхрана кој е присутен во екосистемите, покрај неговата биолошка позадина, функционира благодарение на неговиот хемизам.

Хемијата во секојдневниот живот

  • Иако на шишињата на флашираната вода има рок на траење, вистината е дека водата не се расипува.

Хемијата во секојдневниот живот



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    kaj moze kafeto da sodrzi adenozin???

    • Кафе пауза Reply

      Па не содржи. Но, преформулиравме за да не се сфаќа двосмислено реченицата во иднина.

Остави коментар