Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

Во една зоолошката градина во американската држава Џорџија меѓу животните постои пријателство кое сме го виделе само во цртаниот филм „Мадагаскар“. Таму мечката Балу, лавот Лео и тигарот Шир Кан се дружат исто како да припаѓаат на истиот вид.

Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

Тие се во зоолошката уште од мали нозе, кога биле одземени од некој дилер на дрога кој се обидувал да ги дресира за сопствени потреби притоа малтретирајќи ги. Плашејќи се дека кога-тогаш ќе почнат да се борат меѓусебно, луѓето од зоолошката се обиделе да ги раздвојат и да ги стават во посебни живеалишта, но наишле на одговор кој не го очекувале. Трите животни покажувале јасни знаци дека не сакаат да живеат одвоено еден од друг. Решиле да ги остават заедно извесен период и да ја следат состојбата меѓу нив пред конечно да ги раздвојат, но тие веќе 12 години живеат во хармонија која сите ги изненадува. Доколку денеска ја посетите оваа зоолошка градина може да ги забележите Балу, Лео и Шир Кан како трчаат и си играат заедно наоколу, како се бркаат еден со друг, се забавуваат со топка или јадат заедно.

„Мислам дека маките низ кои поминале како малечки ја зацврстиле врската меѓу нив. Тие биле сè што имале. Се имале само еден со друг“, вели Алисон Хеџкот од зоолошката.

Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар Хармонично пријателство меѓу мечка, лав и тигар

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар