Гугл воведува нова алатка што ќе им помогне на луѓето кои се сомневаат дека страдаат од депресија

Доколку го побарате зборот „depression“ на Гугл, нема да добиете само резултати од пребарувањето. Овој Интернет пребарувач отсега натаму ќе го нуди најдобриот прашалник создаден во соработка со Националната алијанса за ментални болести, што ќе им помогне на корисниците да дознаат дали страдаат од депресија.

Гугл воведува нова алатка што ќе им помогне на луѓето кои се сомневаат дека страдаат од депресија

Од оваа недела на корисниците ќе им биде достапен клиничкиот тест PHQ-9 кој ќе се појавува на врвот од резултатите. Ако одберат да го направат тестот, ќе им бидат поставени стандардни прашања поврзани со депресија, како на пример колку често се незаинтересирани да прават одредени работи и дали имаат проблеми со концентрацијата.

Не е никакво изненадување тоа што компанијата презеде ваква иницијатива. Гугл има изјавено дека сака да сконцентрира повеќе на здравјето и човечката благосостојба. Овој месец, компанијата инвестира во бизнис кој ги претвора смартфоните во алатки за поставување медицински дијагнози. Веќе долго време многу луѓе му се обраќаат на овој Интернет пребарувач за да добијат информации поврзани со нивното здравје, а истражувањата покажале дека бројот на луѓето кои бараат онлајн прашалници за здравје постојано расте.

За Националната алијанса, партнерството со Гугл претставува можност да се подигне свеста за менталното здравје.

„Сакаме да им ги дадеме овие информации на луѓето за да знаат дали треба да направат тест. Многу ќе им помогне доколку ги знаат нивните резултати од тестот PHQ-9“, изјавил Кен Дакворт, медицински директор на алијансата.

Со други зборови, понудата на клинички информации кои доаѓаат од експерти наместо читањето секакви резултати од пребарувањето ќе им овозможи на луѓето да добијат соодветни и точни познавања.

Исто така, информациите за ова нарушување можат да им помогнат на луѓето побрзо да добијат помош.

„Статистичките податоци покажуваат дека оние коишто имаат симптоми на депресија ја одложуваат терапијата 6-8 години по почетокот на симптомите. Веруваме дека свеста за депресијата може да ве образува и да ви помогне полесно да добиете соодветна терапија“, објасниле експертите.

Иако оваа алатка е корисна и може да им помогне на луѓето да откријат дали покажуваат симптоми на депресија, не смее да се заборави дека Гугл не може да ги замени докторите. Ова е само првиот чекор, а не замена за официјална дијагноза.

Но, Дакворт се надева дека оваа можност ќе им помогне на луѓето да станат свесни за нивната состојба и ќе ги поттикне да разговараат за тоа со нивните доктори. Околу 300 милиони луѓе ширум светот живеат со депресија, а некои од нив воопшто не се свесни за сериозноста на нивните симптоми.

„Депресијата е здравствена криза за која многумина не бараат помош и многумина не знаат дека ја носат со себе. Менталните нарушувања се лекуваат и токму затоа се корисни овие информации. Сакаме луѓето да прават подобри здравствени избори за нивните животи“, открил Дакворт.

Доколку се сомневате дека можеби имате проблеми со депресија, не двоумете се да побарате помош. Оваа нова алатка ќе ви помогне да го направите првиот чекор и да станете свесни за состојбата на вашето ментално здравје.

Прочитајте ги и овие 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар