Гробница на дрвја стари 900 години

Кога ќе се споменат дрвја во пустина, веднаш се асоцираме со некоја оаза. Меѓутоа овој случај е различен. Во оваа пустина во Намибија има багремови дрвја кои се стари 900 години и претставуваат потсетници на фактот дека некогаш тоа било плодна почва исполнета со вода. Тие се замрзнати во времето и нивните извртени и згрчени гранки се тотално неподвижни дури и под влијание на сезонскиот ветер.Гробница на дрвја стари 900 годиниПустината Дедвлеи привлекува огромен број фотографи кои поминуваат тежок пат со цел да ја фатат таа интензивна убавина. Совршено време за фотографирање е во раните утрински часови кога дрвјата прават силуети на песоците со златно-кајсиеста боја. Често ведрото, блескаво небо, придонесува за чиста дихотомија на боите.Гробница на дрвја стари 900 годиниИмето на оваа пустина произлегува од два јазика. Првиот слог „дед“ е познат во англискиот јазик како мртов, а додека, вториот слог „влеи“ значи езеро или мочуриште на африкански. Панорамскиот поглед на оваа глинена пустина дава впечаток на пресушено езеро. Последен запис за живоста на дрвјата кои се наоѓаат тука е времето кога Вилијам Освојувачот ја нападнал Англија.Гробница на дрвја стари 900 годиниГробница на дрвја стари 900 годиниОвој пустински предел бил формиран со излевањето на реката Цаушаб. Ова придонело за формирање на убави услови за развој на багреми и камилски трн. 900 години подоцна, климата се сменила и Дедвлеи го добил денешното лице – сува пустина каде само овие мртви дрвја се симбол на животот што некогаш постоел.Гробница на дрвја стари 900 годиниТоа што се случило подоцна било неверојатно. Органските материи на дрвјата биле постепено заменувани со минерали и на тој начин постанале исушени. Топлината од Сонцето ги исушила тие минерали давајќи им црна боја, па затоа денес тие се црни како јаглен. Всушност, дрвјата не можат да се распаѓаат бидејќи се многу суви.Гробница на дрвја стари 900 годиниГробница на дрвја стари 900 годиниДедвлеи се наоѓа во близина на познатите солени долини на Сосусвлеи, што во превод би значело „место од кое нема враќање“. Исто така, Дедвлеи се случува да биде опкружена со едни од највисоките песочни дини во овој регион, како што е дината која се нарекува „Големиот тато“. Без сомнение, овие дини придонеле за зачувување на оваа природна убавина. Опкружувајќи ги, придонеле за заштита на дрвјата од песочни бури.Гробница на дрвја стари 900 годиниНо, природата секогаш наоѓа начин. Оваа долина не е толку мртва како што изгледа. Има голем број пустински бубачки, птици, ноеви и разни други видови. Животните и растенијата успеваат да се одржуваат со помош на утринската магла која од Атланскиот океан патува кон Дедвлеи. Па така, оваа гробница е извонредно место за посета што претставува изгорено сведоштво за сопственото уништување.Гробница на дрвја стари 900 години
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар