Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Можеби ви звучи неверојатно, но навистина постојат градови и места каде што државата им плаќа на луѓето за да живеат во нив. Секако, станува збор за градови и држави во САД. Во продолжение дознајте кои се тие и размислете дали можеби би сакале да живеете во нив…

Хармони

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Хармони е гратче во Минесота и овој град е подготвен да ви даде 12 000 евра ако сакате да живеете таму засекогаш. Со оглед на тоа што се свесни дека на повеќето куќи во градот им требаат многу поправки и голема парична инвестиција, тие смислиле начин да ги поттикнат сите они кои размислуваат да се преселат таму. Оваа необична акција во Хармони трае неколку години.

Детроит

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Во изминативе неколку децении, Детроит бил во многу тешка ситуација поради што има многу напуштени делови во градот. За да се изборат со тоа, властите ја започнале програмата „Challenge Detroit“ со цел да ги поттикнат младите, способни и образовани луѓе да дојдат да живеат во овој економски пропаднат, празен и запуштен град.

Алјаска

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Ако не сте зиморливи и ако вашето омилено годишно време е зима, тогаш оваа програма за населување е она што ви треба во случај да одлучите дека сакате да живеете во САД. Имено, Алјаска им плаќа на луѓето кои живеат таму. За да добиете пари потребно е само да отидете во Алјаска и да докажете дека сте се преселиле засекогаш. Откако ќе го направите тоа, Алјаска секоја година ќе ви исплаќа 18 000 долари.

Чатануга

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Овој град во Тенеси неодамна го доби прекарот „GigCity“, што значи дека секој граѓанин во Чатануга има пристап во безжична Интернет брзина од 1 гигабајт по секунда. Поради тоа, тие ја смислиле програмата „GeekMove“ со цел да им се помагне на младите генијалци за компјутери да се преселат и работат во Чатануга.

Саскачеван

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

За да привлечe што е можно повеќе млади интелектуалци, оваа канадска покраина одлучила да им понуди 20 000 долари на луѓето од Канада, но и на доселениците кои би дошле тука да живеат и работат најмалку 7 години. Единствен услов е да имате завршено факултет и да се соочите со екстремните канадски зими.

Нијагарини водопади

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Иако многумина сонуваат да ги посетат овие познати водопади, тамошните власти на сите можни начини се обидуваат да привлечат млади жители. Имено, тие нудат 7 000 долари за исплата на студентските кредити, ако сакате да живеете таму. Доколку штотуку сте дипломирале, можеби треба да размислите за оваа понуда.

Канзас

Градови и држави кои ќе ви платат за да живеете во нив

Државата Канзас е подготвена да им плати на луѓето кои сакаат да живеат и работат таму. Од 105-те делови на оваа држава, 77 им нудат финансиска помош на жителите. Во зависност од тоа за кој дел од државата ќе се одлучите, можете да добиете и до 15 000 долари за исплата на студентскиот кредит или пак да бидете ослободени од плаќање данок во наредните 5 години.

Дознајте и кои се најдобрите 15 места за живеење.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар