Google Translate како ритам машина

Од која причина и да сакате да го употребите Google Translate во вашата музичка изведба пред интимна или поширока публика, би било чудно. Сепак, почудно е што воопшто некој се сетил да му најде ваква необична примена на сервисот за автоматски превод на Гугл.Google Translate како ритам машинаHarrichr е корисник на Редит кој вклучувајќи се во една дискусија на сајтот, го сподели ова чудно, но интересно откритие. Еве што треба да направите:

  • Појдете на Гугл транслејт
  • Изберете германски и германски јазик во јазичниот пар
  • Впишете го следново во полето за превод: pv zk pv pv zk pv zk kz zk pv pv pv zk pv zk zk pzk pzk pvzkpkzvpvzk kkkkkk bsch
  • Кликнете на копчето Listen (Слушнете).

Google Translate како ритам машинаБидејќи ова откритие брзо се рашири на интернет, набрзо беше надополнето со водич за користење на ритам машината. Така, со комбинација на следните букви, можете да направите едно чудо сопствени ритами: zk, bschk, pv, bk, tk, vk, kt, kttp, krp, pv, th, thp, ds.

Веројатно при преводот на германски, сервисот прави согласките да звучат како тапани.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теодора Трповска Reply

    Јакооооо! :)

  2. Angor Reply

    tipot bil lingvista garant… i znae kako da raboti so vokalni sintetizatori. inace dobra ideja vo sekoj slucaj :)

  3. Marko Reply

    ahaaa kaj mene pishuva mesto lisen beatbox

Остави коментар