Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија

Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија

Во неодамнешно пионерско истражување, научниците ги откриле можните биолошки причини за шизофренија. Откритијата објавени во списанието „Nature“ ни покажуваат врска помеѓу „синаптичкото кастрење“ и развојот на ова психолошко нарушување. Синаптичкото кастрење е процес при кој дополнителните неврони и синаптичките врски се елиминираат со цел да се зголеми ефикасноста на невронските трансмисии. Како што човечкиот мозок старее, природно ги раскинува непотребните или слабите врски помеѓу невроните.

Големо научно откритие ги открива можните причини за шизофренија

Нормално ова кастрење се случува во текот на адолесценцијата во префронталниот кортекс, каде што се развиваат критичкото расудување и планирањето на вештините. Кога одредени гени го забрзуваат овој процес, истражувањето тврди дека личноста може да стане предиспонирана за зачеток на шизофренија.

Истражувачите почнале да се сомневаат дека синаптичкото кастрење може да биде причина за шизофренија откако претходните истражувања им покажувале дека оние кои се погодени од овој процес имаат намален број невронски врски, во споредба со тие кои немаат вакво нарушување. Но, третманите базирани на овие откритија сепак нема да бидат достапни во скоро време. Овие резултати конечно им овозможија на научниците да се фокусираат на биолошките причини бидејќи станува збор за епохално откритие кое ги заобиколуваше со децении.

Се верува дека постојат повеќе од 50 милиони шизофреници ширум светот, кои страдаат од нарушен поглед на реалноста и халуцинации, па овие откритија се ветувачки знак за прогрес во однос на клиничките испитувања, раната детекција и превенцијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар