Го изгубила вереникот 2 месеци пред свадбата, па решила да се прости преку тажна фотосесија

Џанин, несудена невеста чиј вереник ненадејно умрел 52 дена пред денот на кој била закажана нивната свадба, направила нешто што претставува пример за човечка издржливост и надеж. Како дел од напорот да ја прифати нејзината загуба, таа закажала слатко-горчлива меморијална фотосесија во туристичката област Ривиера Маја во Мексико со цел нејзината љубов да остане да живее во нејзините сеќавања, но и за да може да продолжи да живее со загубата. Таа за снимањето го носела невестинскиот фустан кој за жал не стигнала да го носи за сопствената свадба.

1-go-izgubila-verenikot-2-meseci-pred-svadbata-pa-reshila-da-se-prosti-preku-tazhna-fotosesija-kafepauza.mk

 

„Овој ден беше многу емотивен“, објаснува Џанин после фотосесијата. „На крајот на денот се чувствував толку исполнето и многу поживо отколку што сум се чувствувала од 1 мај наваму. Навистина чувствував дека Џони се смееше долу со мене и тоа конечно ми даде можност да го живеам животот понатаму на позитивен начин, но никогаш не заборавајќи зошто бев таму. Сакам да продолжам понатаму и да го истражувам светот. Сакам да запознавам луѓе со кои ќе можам да споделувам. После фотосесијата чувствувам дека сето тоа е возможно.“

Џанин сакала да се слика под вода бидејќи водата ја смета за ослободувачки елемент. Нејзиниот фустан повеќе не бил симбол на радост и исчекување, па затоа немала проблем да потоне под морето со него.


 

„Овие слики и видеоприказна кои ги создадовме заедно беа неверојатно катарзично и емоционално искуство за обајцата“, објаснува фотографот Мет Едкок. „Ова е првпат да се чувствувам толку инспирирано за нешто во мојата 10-годишна кариера како свадбен фотограф… Скоро ќе заплакав кога почнав да ја создавам приказната во собата за монтажа.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар