Генијалните сфаќања за животот на Бертранд Расел

Бертранд Расел е еден од најостроумните луѓе кои некогаш чекореле по земјата. Тој е британски филозоф и критичар на општествените текови, а покрај тоа бил и логичар, математичар и историчар. Го одбивал секое авторитарно наметнување на идеали и ставови, секогаш гледајќи критички на работите. Бил голем противник на Првата светска војна, потоа остро се спротивставувал на Сталинистичкиот режим и американскиот империјализам, а цело време бил и против организираните религии тврдејќи дека нивните догми носат повеќе штета во животот отколку корист.

Генијалните сфаќања за животот на Бертранд Расел

Неговата слободна мисла ја преточил во бројни брилијантни есеи и книги, а во 1950 година добил и Нобелова награда за литература поради „неговите значајни дела во кои ги промовира хуманистичките начела и слободата на мислата“. Извонредните цитати кои следуваат се извадоци од тие дела и се однесуваат на неговите сфаќања за животот.

„Проблемот со овој свет е во тоа што глупавите се самоуверени, а интелигентните се полни со сомнеж.“

„Времето кое го губиш во уживање не е изгубено време.“

„Да се плашиш од љубовта значи дека се плашиш од животот, а оние кои се плашат од животот веќе се 75% мртви.“

„Никогаш не би умрел за моите уверувања затоа што може да испаднат погрешни.“

„За жените бракот е највообичаениот начин на живот, па вкупното количество на непожелен секс кое го трпат додека се во брак е веројатно поголемо отколку кај проститутките.“

„Тајната за среќа е ова: проширете ги вашите интереси најмногу што можете и дозволете си на работите и личностите кои ве интересираат да реагирате најпријателски што можете.“

„Убавиот живот е мотивиран од љубовта и воден од разумот.“

„Да имаше на светов огромен број луѓе кои повеќе копнеат по сопствената среќа отколку за туѓата несреќа, за неколку години би живееле во рај.“

„Здраво е одвреме-навреме да си поставите прашања за работите кои долго време сте ги земале здраво за готово.“

„Од сите форми на претпазливост, прептазливоста во љубовта веројатно е најфатална по вистинската среќа.“

Генијалните сфаќања за животот на Бертранд Расел

„Многумина кога ќе се вљубат бараат мало парче рај за бегство од светот каде што можат да бидат обожувани кога не го заслужуваат тоа и да бидат пофалени кога не се за фалење.“

„Вистинската дисциплина не бара надворешна принуда, туку е содржана во навиките кои спонтано водат кон пожелни, наместо кон непожелни активности.“

„Основната мана на татковците во нашето натпреварувачко општество е тоа што сакаат нивните деца да им носат углед.“

„Разбирањето на неважноста на времето е патот кон мудроста.“

„Стравот е главниот извор на суеверијата и еден од главните извори на суровост. Победата над стравот е почетокот на мудроста.“

„Животот без авантура веројатно нема да биде полн со задоволство, но животот во кој на авантурата ѝ е дозволено да се појави во каква било форма сигурно ќе биде краток.“

„Слободата ги стигнува само оние кои престануваат од животот да го бараат она што одредена доба од животот треба да им го донесе.“

„Религиите кои ги осудуваат задоволствата го тераат човекот да посегне по задоволството од моќта. Низ историјата моќта била порок на аскетите.“

„Не плаши се да имаш ексцентрично мислење, секое мислење кое денес е општоприфатено некогаш било ексцентрично.“

„Луѓето кои ги прифаќаат општоприфатените правила збеснуваат кога некој се оддалечува од тие правила, најмногу затоа што тоа оддалечување го гледаат како критика за нив лично.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар