Генијалци во кои никој не верувал, а го освоиле светот

Генијалци во кои никој не верувал, а го освоиле светот

Иако е тешко да се замисли, но повеќето компании кои денес „владеат“ со светот се родиле во мали гаражи или во сиромашни соседства. Погледнете како настанале некои од најпознатите и најуспешните корпорации и кои се луѓето кои се заслужни за тоа.

1. Јутјуб

Чед Харли, Стив Чен и Џод Карим станале пријатели во 2005 година додека работеле на ПејПал. Една вечер Чед и Стив организирале забава на која Џод не можел да присуствува, па кога другите сакале да споделат видео со него, сфатиле дека тоа е многу тешко. Ова бил првиот чекор кон Јутјуб. Денес Јутјуб има околу 1 милијарда корисници, а тоа е речиси третина од сите корисници на Интернет.

2. Убер

Во 2008 година, програмерите Тревис Каланик и Гарет Кемп отишле на конференција во Париз. Таму откриле дека е неверојатно тешко да се најде такси. Овој проблем ги натерал да размислуваат, па следната година во Сан Франциско, во употреба бил пуштен УберКаб. Познати личности како Едвард Нортон и Џеј Зи ја користеле услугата и биле премногу задоволни. Денес Убер е најпознатиот и најдобриот такси сервис во светот.

3. Најк

Атлетичарот Фил Најк сфатил дека во Америка нема евтини патики, па решил да ги порачува од Азија и да ги продава во САД. Во 1965 година, тој ја именувал својата компанија Најк и почнал и самиот да произведува патики. Познатиот ѓон прв пат бил направен со тостер за вафли. Наскоро компанијата поседувала 50% од американскиот пазар. Денес Најк е број еден во спортската индустрија.

4. Икеа

(4)10-genijalci-vo-koi-nikoj-ne-veruval-kafepauza.mk

Ингвар Кампард продавал печурки, бобинки и божиќни картички. Но, кога наполнил 17 години ја основал Икеа. Тој решил да ја продава покуќнината расклопена, а подоцна добил и нова идеја – ги охрабрувал купувачите да го „сложат“ целиот свој дом со „делчиња“ од продавницата, како сложувалка. Денес во светот постојат речиси 400 продавници на Икеа, кои се вистински забавни паркови.

5. Инстаграм

Кевин Систром ја обожувал фотографијата. Кога заминал во Фиренца да ја изучува, му бил доделен Холга, фотоапарат кој прави ретро фотографии. Токму ова го инспирирало Систром да создаде сервис кој ќе прави ремек-дела од лоши фотографии. Апликацијата Инстаграм прв пат се појави на 6-ти октомври, 2010 година, а подоцна, во 2012 беше купена од Фејсбук за 1 милијарда долари.

6. Ворнер Брос

Во 1918 година, 4-ца браќа од Америка решиле да создадат филмско студио. Хари и Алберт биле задолжени за финансиите, а Сем и Џек за правењето филмови. Токму ова студио го направило првиот филм со звук, „Џез пејачот“ (The Jazz Singer) во 1927, првиот хорор филм со звук, „Ужас“ (The Terror) во 1928 и првиот филм во боја, „Напред со снегот!“ (On with the Snow!) во 1929 година.

7. Лего

Во 1932 година Оле Кирк Кристијансен, столар од Данска, банкротирал, станал вдовец и останал сам со 4 деца. Со цел да им го подобри расположението на своите деца, тој почнал да им прави играчки. По некое време почнал и да продава некои од нив. Името Лего го добил како идеја од данската фраза „leg godt“, што значи играј си добро. Подоцна успеал да отвори и продавница. Вистинскиот успех го доживеал во 1954 година, кога смислил нов систем – познатите Лего коцки.

8. Зара

Во 1975 година, шпанскиот кројач Амансио Ортега бил на прошетка со својата девојка. Тие поминале покрај некоја продавница на чиј излог Ортега забележал прекрасен пењоар, кој бил многу скап. Ова го натерало Ортега да почне да прави негова уникатна долна облека, но која нема да биде скапа. Денешниот успех на Зара лежи во „брзата“ мода и користењето на многу информации кои ги предвидуваат трендовите. Денес Амансио Ортега е еден од најбогатите луѓе во светот.

9. Киндер јајце

(9)10-genijalci-vo-koi-nikoj-ne-veruval-kafepauza.mk

Во 1940 година, Петро Фереро почнал да прави слатки работи во една мала пекара. Благодарение на неговиот талент и неговите експерименти, многу брзо се прославил низ Италија и низ целиот свет. Во 1965 година пекарата ја презел неговиот брат Џовани, а подоцна неговиот внук Мишел кој ги измислил познатите Киндер јајца. Инспирацијата била од една италијанска велигденска традиција на правење слатки печива кои внатре имаат изненадување. Првата пратка на овие јајца, во 1972 година, била распродадена за само еден час. Денес Фереро е водена од синовите на Мишел – Петро и Џовани. Добро познатите Нутела, Фереро Рошер, Рафаело, Тик Так и многу други се производи на оваа компанија.

10. Епл

(10)10-genijalci-vo-koi-nikoj-ne-veruval-kafepauza.mk

Првиот Епл компјутер се појавил на 1 април 1976 година, по цена од 666 долари. Останатото што им се случило на Стив Џобс и Стив Вознијак е историја. Револуционерна година за Епл беше 2007 кога во продажба беше пуштен првиот Ајфон. Стив Џобс рекол дека ако добијат и 1% од пазарот, ќе бидат задоволни, но секако, нема да застанат таму. Денес Ајфонот окупира 15% од пазарот за мобилни телефони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар