„Gangnam style“ го освои и Њујорк

Можеме слободно да кажеме дека „Gangnam style“ е новата химна на танцувањето. Лудиот и смешен спот на Псај со преку 200 милиони гледања на Јутјуб му овозможи на овој кореански рапер да стане светска сензација.„Gangnam style“ го освои и ЊујоркГолем број од водителите на музичките емисии постојано го повикуваат Псај да им помогне да ја научат оваа необична и „заразна“ кореографија и тоа дополнително ги инспирира сите останати да снимаат свои видеа на песната и да ги споделуваат на Јутјуб. Погледнете како реагираат луѓето во Њујорк кога еден дечко слушајќи ја песната на слушалки не може да се воздржи, а да не заигра пред сите…

Доколку сеуште не ја знаете кореографијата или пак воопшто не сте го виделе мега-хитот „Gangnam style“ погледнете го и официјалниот спот на Псај. Ви гарантираме дека нема да можете да престанете да се смеете и дека уште во првата минута ќе заиграте и вие. :)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар