Фуроре ќе ви го одземе здивот: Неверојатно скриено село „кое не постои“!

Фуроре е италијанско село во провинцијата Салерно во регионот Кампанија кое е скриено во фјорд, во мала пукнатина помеѓу карпите кои некогаш служеле како заштита на мештаните од поморските разбојници. Некогаш одамна, на ова место било подигнато мало село без густо населени куќи и без плоштад. Сите градби, улици и скали биле скриени зад карпите за да не се гледаат од морето т.е. за да не можат разбојниците да ги видат. Затоа Фуроре уште е познато како „селото кое не постои“.

0-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk

По долго време, откако времето на поморските разбојници завршило, градоначалникот одлучил дека време е светот да дознае за убавината на Фуроре. Затоа тој наредил секоја куќа да се префарба во силна боја, а оваа традиција се одржува до ден-денес кога жителите на селото повикуваат разни уметници од целиот свет за да ги украсат локалните градби.

1-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk

Главна атракција на ова село е фјордот Фиордо. Всушност, тоа е тесна клисура во чија внатрешност се наоѓаат стари рибарски куќи. Фиордо е воедно и најстариот дел од селото, а според проценките, од 2011 во селото живеат 810 жители.

2-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk 3-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk 4-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk 5-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk 6-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk 7-furore-kje-vi-go-odzeme-zdivot-neverojatno-skrieno-selo-koe-ne-postoi-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар