Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен #2

Фудбал за понежниот пол: Тренер и капитен #2

Го пропуштивте првиот дел? – „Фудбал за понежниот пол: Неколку почетни факти #1


Тренер

Можеби најважната алка во тимот претставува мозокот зад целата поставеност на играчите и креаторот на играта, тренерот. За некого е чудно тоа што тимовите кои претендираат да освојуваат титули, фрлаат милиони евра за да донесат на својата клупа некој истакнат и искусен тренер, но без него играчите би трчале по теренот како муви без глави.

Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен

Алекс Фергусон - Тренер на Манчестер Јунајтед веќе 26 години

Добриот и успешен тренер се одликува со интелигентност и мудрост и секогаш е спремен за надигрување и надмудрување на теренот и надвор од него (медиумски војни за создавање психички притисок). Тактичката замисла од неговата глава се пренесува на тренинзите и со нејзино правилно и успешно спроведување, тимот ја зајакнува својата игра и гради менталитет на победник. Не само со градењето на играта на својот тим туку и со добра анализа и со предвидување на тактиката на противникот, тренерот создава машинерија на која шансите за неуспех и се многу мали.

Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен

Жозе Мурињо - Тренер на Реал Мадрид

Моментално актуелни најуспешни тренери: Жозе Мурињо (Реал Мадрид), Пеп Гвардиола (Барселона), Сер Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед), Фабио Капело (селектор на Англија), Рафа Бенитез (Интер) Арсен Венгер (Арсенал) Карло Анчелоти (Челзи)


Капитен

Капитен е играч кој е одбран од тренерот за да биде морален двигател на теренот. Неговата задача е секогаш да ги бодри и поттикнува своите соиграчи да даваат максимум од себе и да ја оставаат душата на игралиштето. Многу често се случува тој да е најискусниот поединец во тимот или пак некој од моменталните најдобри играчи во тимот. Него ќе го препознаете по тоа што носи лента на ракавот на едната рака.

Фудбал за понежниот пол-Тренер и капитен

Стивен Жерард - Играч на Ливерпул


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Lidija Reply

    A kade e tretiot del od statijata …??Nie seushte go cekame!!!:):):):)

    • Кафе пауза Reply

      Чекавме малку да ви легнат првиве два, следи тежок дел 🙂 Но, штом сакате, ќе подготвиме нешто и ќе објавиме најбрзо што може.

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор