Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Само во Велика Британија 1,3 милиони жени биле жртви на домашно насилство во 2016-та година. Но оваа бројка сигурно е поголема бидејќи многу жени молчат за насилството. Властите се обидуваат да ги охрабрат жените и мажите да проговорат за овој проблем со цел да им помогнат и да добијат правда.

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Токму ова и го направил еден фризер. Во неговиот фризерски салон дошла жена која била прекриена со модринки и чудно пострижена коса. Фризерот Енди Мендоза бил збунет од изгледот на жената, па на шега ја прашала да не учествувала во некоја тепачка. Како што почнал да ѝ ја средува косата, Енди се шокирал кога открил дека младата жена речиси била убиена од насилниот партнер. На својот Инстаграм профил фризерот изјавил:

„Па денес на посета ми дојде прекрасна душа која поминала низ нешто ужасно. Еден кукавица се обидел да ја убие и во процесот ѝ ја искубал и пострижал косата. Додека ѝ ја правев фризурата разговаравме, и не можев а да не забележам колку беше фина и колку НЕ го заслужила она што ѝ се случило. Ниту една жена не го заслужува ова!“

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Енди изјавил дека добил дозвола од жената да ја сподели нејзината приказна заедно со фотографии бидејќи сакала другите да знаат колку е среќна што преживеала. Нејзиниот партнер, Мајкл, бил уапсен. Наводно тој ја тепал, ја давел и ѝ држел нож до вратот за време на нападот. Полицијата изјавила дека 22-годишниот маж ја фрлал жртвата наоколу „како играчка“ и се обидел да ѝ ги скрши прстите и зглобовите.

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Властите биле известени за настанот кога некој човек кој спиел во автомобил ја забележал жената која била крвава и со модринки. На почетокот не сакала да разговара со полицијата за инцидентот, но по година и половина нејзиното момче било лоцирано.

Фризер објавил фотографии од жртва на домашно насилство за да ја подигне свеста на народот

Според извештајот, жртвата била толку претепана што дури ни мајка ѝ не можела да ја препознае. Мајкл бил обвинет за напад, закани, давење, киднапирање и поседување марихуана и потешки дроги.

Погледнете ги и моќните фотографии на жени кои преживеале домашно насилство.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар