Фотографии од градот што не постои

Малкумина би биле истрајни и би се вложиле толку многу во подготовките за правење фотографии со силен реален ефект за еден, сепак, имагинарен град.
Фотографии од градот што не постоиШеесетгодишниот Мајкл Пол Смит создава макети на имагинарен град преку спомените од својата младост. Потоа, истите ги вклопува во погодно избрана реална околина и на крајот ги фотографира. Неговите фотографии навистина ја постигнуваат целта, односно успеваат да не вратат во времето и да не однесат на местото.
Фотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постои.

Она што започна како вежба за правење модел на зграда и нејзино фотографирање, заврши како сон, односно реконструкција на градот во кој израснав. Не е тотална реконструкција на градот, но е доловување на моите спомени.

Фотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографиите од имагинарниот град Еглин Парк се уверливи, не само поради тоа што се совршено интегрирани во реалната околина, туку и поради тоа што е прецизно доловен секој детаљ во сцените. Своите модели Мајкл ги поставува на маса и ги надополнува со автомобили и камиони од неговата богата колекција.
Фотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиМасата ја поставува во близина на некоја улица или паркинг каде што хоризонтот одлично се вклопува со неговиот модел. Тој исто така прави и вечерни слики од градот, кои ги изведува во неговиот дом, само со едноставно светлосно подесување. Тој може дури и да ги менува временските услови и годишните времиња, правејќи влажни улици, дожд, па дури и снег од сода бикарбона.Фотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постоиФотографии од градот што не постои

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. girl Reply

    wow, premnogu kreativno i preubavooo!

Остави коментар