Флертувањето е уметност: Интересни факти за флертот што ќе ве остават без зборови

Флертувањето е уметност: Интересни факти за флертот што ќе ве остават без зборови

25% од флертот се наменети за забава, а 30% за пронаоѓање партнер. Научниците тврдат дека доволни се 2 минути флертување со очите за да роди силна љубов помеѓу двајца луѓе. Прочитајте ги следниве интересни факти за флертот што сигурно ќе ве изненадат и ќе ве остават без зборови…

Флертувањето е уметност: Интересни факти за флертот што ќе ве остават без зборови

1. Флертот е универзална појава. Кога флертуваат, луѓето од сите делови на светот воглавно ги праќаат истите сигнали до личноста која им се допаѓа.

2. Според еден стар закон во Аризона, благото флертување во разговорот можело да се казни со 30 дена затвор.

3. Денес флертот не се поврзува само со слободното време и излегувањата. Сѐ повеќе се флертува на работа, на патот од дома до училиште, во продавница и слично.

4. Флертувањето се подобрува со текот на годините. Имено, истражувањата покажале дека луѓето кои ги поминале 30-тите години се повешти флертувачи.

5. Во викторијанската ера, лепезите имале значајна улога во текот на флертот. Имено, лепезата ставена на срцето им давала до знаење на мажите дека успеале да го освојат срцето на дамата.

6. Женското оружје во текот на флертувањето е длабокиот и значаен поглед, додека мажите најчесто вдишуваат длабоко за да го зголемат градниот кош.

7. Личноста која добива најголемо внимание на некое место не е таа која е најпривлечна туку таа која најмногу флертува. Во просек, човекот кој ќе испрати 35 флертувачки сигнали во текот на еден час ќе добие 4 романтични понуди во тој период. Можеби 35 сигнали ви звучи како голема бројка, но добриот флерт вреди злато. Фрлете ја главата настрана, погалете си ја раката и наведнете се кон личноста која ви се допаѓа.

8. Постојат околу 50 невербално значи што ги користат жените додека флертуваат. Првиот на листата е секако играњето со косата.

9. Потребни се 3 погледа за да се испрати сигнал. Треба да погледнете некого 3 пати за тој да сфати дека ви се допаѓа. Ако сакате да натерате некого да ве погледнува почесто од вообичаено, задржете го погледот 2-3 секунди. Тоа можеби не ви делува како многу време, но во тој момент се чини како цела вечност. Неромантичните погледи траат само 1,18 секунди.

Флертувањето е уметност: Интересни факти за флертот што ќе ве остават без зборови

10. Насмевката со брчки околу очите е добар знак. Тоа е показател дека некој е среќен. Ако некој ви се насмевне, а нема брчки, тогаш можно е да лаже и да не сака да разговара. Најубаво е да се види и даде искрена насмевка.

11. Во денешно време најмногу се флертува преку Интернет и мобилен телефон.

12. Понекогаш флертувањето не е тоа што изгледа. Истражувањата покажуваат дека мажите имаат тенденција да го помешаат пријателското однесување со флертување.

13. Положбата на стапалата може да ви даде значајни информации. Стапалата обично се насочени кон правецот накаде што сакаат да тргнат, па ако некој ги насочил стапалата кон вас, тоа е добар знак. Ако ги оддалечил, тоа не е добар знак. Ако нечии стапала се насочени едни кон други, тогаш тоа е добар знак бидејќи некој несвесни се обидува да се смали и да делува подостапно.

14. И животните уживаат во флертот. Цицачите, птиците, водоземците, па дури и рибите имаат свои ритуали на флертување.

15. Го имитираме однесувањето на луѓето кои нѐ привлекуваат. Ако сакате да видите дали некој е заинтересиран за вас, погледнете во часовникот и обрнете внимание дали тој ќе го повтори истото. Можете да го почешате лактот и да чекате реакција, вкрстете ги нозете и слично. Доколку личноста го повтори вашето движење, тоа значи дека потсвесно сака да се поврзе со вас, што е секако добар знак.

16. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои флертуваат имаат повеќе бели крвни зрнца во телото. Овие клетки се важни за имунитетот и целокупното здравје на организмот.

17. Можно е и да претерате со некој сигнал во текот на флертот. Според статистичките податоци, најчестата гршка во флертувањето е предолгиот контакт со очи кој лесно може да се претвори во непријатно зјапање.

18. Дури 89% од припадничките на понежниот пол признале дека никогаш не би започнале со флерт први.

Прочитајте ги и следниве 8 интересни факти за флертот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар