Флексибилна перница која ви прави друштво за спиење

Сите сме навикнати да спиеме со перница, бидејќи така ни е најудобно и покрај тоа што многу доктори советуваат да не се користи. На некои од нас, покрај удобната перница, ни е потребно и друштво за спиење, затоа што не сакаме да спиеме сами. Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеЗа да го реши проблемот со осаменоста, мичигенскиот дизајнер Миа Чинели создала примамлива перница, различна од сите досега, по својот облик и креативната идеја.Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеПерницата „The Loop“ има облик на широка цевка, која е прилагодлива според вашите потреби за гушкање. Па, доколку немате друштво додека сонувате, оваа перничка ќе направи да се почувствувате како да го делите креветот со некој друг, а истовремено ќе ви обезбеди и голема удобност.Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеОваа перница ќе внесе малку забава во вашата спална соба, а можете да ù најдете и други креативни примени. Сè зависи од тоа колку широка имагинација поседувате.
Флексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиењеФлексибилна перница која ви прави друштво за спиење


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Mia Reply

    Оваа е баш за мене.

  2. Детенце Reply

    Forever Alone перница

  3. Дара Reply

    like :)

Остави коментар