Физички активности што делуваат лековито на менталните тегоби

Древната мудрост зборува за врската помеѓу менталното и физичкото здравје, со што речиси секој ментален проблем има физичко решение. Иако на западната медицина ѝ требало малку време за да се присети на оваа древна мудрост, повеќе студии ја покажуваат силната врска помеѓу телото и умот. Додека сите сте свесни кои придобивки ги нуди позитивното размислување, понекогаш заборавате да го користите овој најдобар начин на лекување. Еве кои физички лековити активности се препорачуваат, според резултатите од новите научни истражувања, за најчестите ментални тегоби во денешно време.

Кои физички активности делуваат лековито на менталните тегоби?

1. Ако сте депресивни, шетајте до 200 минути неделно, или 30 минути дневно. Некои студии покажале дека одењето може да биде еднакво делотворно како и антидепресивите.

2. Ако сте расеани, земете длабок здив неколку пати за да го подобрите вниманието и да ја пренасочите енергијата. Научниците од универзитетот Висконсин-Медисон ги документирале своите истражувања кои покажуваат дека длабокото дишење може исклучително да ја подобри ефикасноста.

3. Ако сте загрижени, вежбајте со тегови за да го намалите чувството на грижа, страв и нервоза. Едно спроведено истражување на тимот од Универзитетот во Ново Мексико покажало дека тренингот од умерен до висок интензитет, може да ги отфрли тешките чувства.

4. Ако сте под стрес, практикувајте јога. Една студија од Националниот центар за биотехнолошки информации ја открива врската помеѓу јогата и ублажувањето на стресот и анксиозноста.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар