Фестивалска експлозија од бои и младешки дух

Фестивалот Холи, попознат како Фестивал на боите е хиндуистички ритуал со кој што се означува крајот на зимата и се пречекува пролетта. Освен во Индија, се оддржува и во други делови од светот, а најмасовниот на западната хемисфера е оној пред храмот Шри Шри Рада Кришна во гратчето Спениш Форк во Јута. Додека настанот во Индија го посетуваат туристи од сите возрасти од целиот свет, во Јута доаѓаат преку 40.000 млади луѓе. Најголем дел од нив се студенти од универзитетот Бригам Јанг и од другите универзитети од американската сојузна држава Јута, а во последните години доаѓаат млади од целиот континент.
Фестивалска експлозија од бои и младешки духДивата прослава на фестивалот трае два дена во кои во воздухот интензивно се чувствува младешкиот дух. Се пали голем логорски оган, се слуша музика во живо, а кулминацијата се достигнува на секои два часа кога посетителите фрлаат боја во прав, предизвикувајќи огромна експлозија од бои. За да се постигнат возбудата, радоста и забавата на фестивалот, организаторите секоја година набавуваат дури 120.000 вреќички со боја во прав.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар