Феноменот сина месечина

Феноменот сина месечина

Автор: Бојана Мандевска

Постојат многу легенди за месечината. Една од помистериозните е легендата за сината месечина. Сината месечина е спомената во многу книги и песни. Со години се поставува прашањето дали тоа е легенда или природен феномен.

Сина месечина

Најчесто користеното објаснување за појавата на сината месечина е појавата на втора полна месечина во еден календарски месец. За да може да се случи феноменот сина месечина, треба првата полна месечина да се појави во првите денови од месецот, за втората да може да се појави кон крајот на месецот. Најчесто периодот помеѓу појавувањето на првата и втората полна месечина во еден тековен месец е 29 дена. Или пак, тоа може да биде четвртата полна месечина која се појавува во еден квартал кој вообичаено има три полни месечини. Некои години имаат појава на една екстра полна месечина, 13 наместо 12. Токму таа тринаесеттата месечина е наречена сина месечина. Водејќи се по календарот за сина месечина, таа треба да се појави на 21 август 2013 и 21 мај 2016 година.

Сина месечина

Низ вековите, сината месечина станала дел од фолклорот на одредени народи. Воедно, појавувањето на сината месечина кај некои народи предизвикувала страв, додека пак други ја сметале за редок поволен период. Тие верувале дека правењето одредени обреди (за чистење на душата и подобрување на личната благосостојба со помош на месечевата светлина) ќе го намали лошото влијание на сината месечина или ќе го зголеми позитивното влијание.

Сина месечина

За сината месечина кај старите народи постоеле многу приказни кои вклучувале волци, месечево лудило, па постоела дури и приказна дека месечината е направена од сирење. Еден од попознатите обреди е бањањето предмети на месечева светлина, на сина  месечина, за да се собере позитивната енергија која таа ја испуштала. Се собирале шишиња, камења, свеќи, кристали и се ставале на прозорците од домовите, во дворовите, сегде каде што допирала месечевата светлина, да преноќат и да ја соберат месечевата енергија.

Сина месечина

Во денешно време терминот „сина месечина“ се употребува за да се објасни редок случај, ретка појава.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар