Феноменалниот концепт на Фолксваген „Аква“

Дизајниран од 21-годишниот Јуан Женг од Кина, концептот на ховеркрафтот Фолксваген „Аква“ е воодушевувачки. Концептот претставува возило придвижувано од водород и пропелери. Дизајнот е направен како решение за покривање на повеќе терени низ Кина, како што се езера, реки, крајбрежја, патишта, мочуришта и снежни предели.
Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“Фолксваген „Аква“, возилото на воздушна перница, е придвижувано од повеќе мотори. Неговиот примарен мотор, придвижуван од водород го проработува главниот вентилатор кој ја полни перницата за возилото да се издигне над земјата. Електричните вентилатори на задниот дел од возилото обезбедуваат погонска моќ и контрола за насочување. Моделот има минималистички екстериер и ентериер и овозможува комфор за двајца.
Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“Телескопскиот волан го подобрува возачкото искуство. Возилото е способно да се вози на кое било место со пристапен и чист терен. Дизајнот перфектно ја претставува филозофијата на Фолксваген. Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“Фенеменалниот концепт на Фолцваген „Аква“
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Мики Reply

    Процедурално… ФолкСВАГЕН

    • Кафе пауза Reply

      Примено, фала.

Остави коментар