Фасцинантни теории за поврзаноста на ликовите во Дизниевите цртани филмови

Фасцинантни теории за поврзаноста на ликовите во Дизниевите цртани филмови

Дизниевите цртани филмови се како измислени светови во кои секој карактер има своја неверојатна приказна полна со авантури и магија. Не можете ни да замислите дека многу од овие приказни се неразделно поврзани меѓусебно на интересен начин. Погледнете ги следниве теории за поврзаноста помеѓу одредени ликови од светот на Дизни.

1. Херкулес и Ариел се први братучеди

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Според приказната на овие цртани филмови, Ариел е ќерка на кралот Тритон, а Херкулес е син на Зевс. Кралот Тритон е син на Посејдон, кој според грчката митологија е брат на Зевс. Тоа ги прави Ариел и Херкулес први братучеди.

2. Омилената книга на Бел е „Аладин“

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

„Па, тоа ми е омилено: Далечни места, храбри борби со мечеви, магии и принц со скриен идентитет. Таму таа ќе го сретне шармантниот принц, но нема да дознае дека е тој сè до третото поглавје“, пееше Бел. Ова е слично на описот за Аладин: Најпрво тој ја спасува принцезата Јасмин од стражарот, а потоа со помош на магија, го крие своето сиромашно потекло преправајќи се дека е принц.

3. Мајката на Енди е вистинскиот сопственик на Џеси

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Капата на Енди од првиот филм изгледа исто како капата од Џеси, каубојката од второто продолжение на „Приказна за играчките“. Уште повеќе, првиот сопственик на Џеси имал иста таква капа. Но, како Енди ја наоѓа оваа капа? Се чини дека мајката на Енди му ја дала на својот син. Тоа значи дека мајката на Енди е првиот сопственик на Џеси.

4. Капетан Кука ја убил мајката на Ариел

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Една од сирените, пријателка на Петар Пан, изгледа како мајката на Ариел, Атена, која имала иста црвена коса и смарагдна опашка. Сирените во приказната за Петар Пан најмногу се плашеле од Капетан Кука. Во вториот филм за Ариел дознаваме дека токму злобниот пират ја убил Атена.

5. Џејн е бабата на убавицата од „Убавицата и ѕверот“

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Тие личат една на друга, двете сакаат жолта боја и можат да се снајдат покрај мажи без манири. Џејн му се заканува на Тарзан со истата љубезност и трпеливост која Бел ја покажува кон Ѕверот. Во експедицијата во џунглата, Џејн го имала истиот прибор за чај како тој од „Убавицата и ѕверот“.

6. Родителите на Елса и Ана починале кога оделе на свадбата на Рапанзел

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Режисерот на „Ледено кралство“, Џенифер Ли, објавил дека кралот и кралицата од Арендел оделе на свадба во соседното царство. Рапанзел и нејзиниот сопруг Флин можат да се видат на денот на крунисувањето на Елса. Најверојатно владетелите на Арендел починале во бродолом на својот пат кон свадбата на Рапанзел.

7. Малата сирена го истражува бродот на кралот и кралицата од Арендел

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Кралството од Арендел, каде што бродот го започнал своето патување, е сместено во Норвешка. Кралството од Корона е некаде во Германија. Приказната за „Малата сирена“ е сместена на брегот од Данска, а тоа е на патот по кој бродот сигурно поминал.

8. Тарзан е брат на Ана и Елса

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Според режисерот на „Тарзан“, кралот и кралицата на Арендел доживеале бродолом. Тие биле исфрлени на тропски остров. Таму изградиле куќа на дрво, а кралицата родила машко дете. Но, семејството било нападнато од леопард и само бебето преживеало. Што значи дека Елса и Ана имале брат, а тоа е Тарзан.

9. Карл умира на почетокот на филмот „Нагоре“

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Првите пет минути од филмот ни ја раскажуваат љубовната приказна за Карл и неговата жена, која не само што е трогателна, туку и реалистична. Токму затоа е чудно што остатокот од филмот е исполнет со магични елементи како кучиња кои зборуваат и куќа која лета. Во секој случај, ако претпоставиме дека дејството се случува во задгробниот живот, каде што Карл се обидува да ја најде својата сопруга, сѐ добива друга смисла.

10. Приказната за Аладин била измислена од продавачот кој само сакал да ја продаде својата ламба

10 фасцинантни теории за Дизниевите цртани филмови

Итриот продавач зборува со вас на почетокот од цртаниот филм и очаен е да ви продаде нешто. Вие сакате да си заминете, но тој го извлекува последниот адут за да ве привлече и ја покажува магичната ламба. Тој вели дека тоа не е обична ламба и почнува да ја раскажува приказната за Аладин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар