Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

Фамозниот колоритен гејзир во Невада, САД

Овие фотографии изгледаат како да се направени на некоја друга планета или пак како дел од некој скап научно-фантастичен филм. Сепак, фотографиите се направени во Невада, САД, а на нив можете да го видите гејзирот „Fly“. Гејзирот може да биде најден во долината Хуалапаи, но овој ретко видлив феномен се наоѓа на приватно земјиште. Па така, освен во случај да добиете дозвола за посета, ќе морате да го гледате од далеку. Изненадувачки факт за него е тоа што тој е направен по „вина“ на човекот.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДВо далечната 1916 година, сопствениците на овој имот копале со надеж дека ќе најдат вода за да создадат богато обработливо земјиште во овој пустински дел на САД. Тие нашле вода и бунарот функционирал одлично неколку декади, но дупчалката со која го правеле бунарот, погодила геотермален џеб полн со вода од кој се создал гејзир. Сепак, гејзирот кој го гледате на сликите не е истиот тој гејзир. Во 60-тите години на минатиот век, водата пронашла уште едно слабо место во земјата и самата избила, создавајќи нов природен гејзир веднаш до него. Оттогаш стариот воопшто не исфрла вода. Се верува дека новиот гејзир му ја превзема водата.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОд 60-тите до денеска, гејзирот значително е развиен и сега изгледа како огромна шарена скулптура. Водата од гејзирот постојано прска кон небото, а млазот достигнува висина и до два метра, притоа надополнувајќи повеќе од 30 околни езерца со нова свежа топла вода. Миксот од многу различни минерали во водата, меѓу кои и сулфур, реагираат со кислородот во воздухот, давајќи му ги на гејзирот овие величествени бои.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДОколу неговите езерца со жешка вода има растителен свет, кој му дава уште потаинствен, вонземски изглед на местото. Тие се и порибени, а малите риби ги привлекуваат лебедите и дивите патки, создавајќи еден посебен екосистем.
Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот насип претставува нешто навистина невообичаено и прекрасно, особено поради големиот број бои. Уште еден фактор за колоритноста на насипот е фактот што целиот е прекриен со термофилични алги, кои како микроорганизми кои толерираат топлина, без проблем растат во оваа жешка околина. Сепак, иако неколку организации се имаат обидено да го откупат земјиштето за да го отворат за јавноста, сопствениците решително одбиваат. Па така, земјиштето и понатаму останува приватно и оградено.Фамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САДФамозниот колоритен гејзир во Невада,САД


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар