Факти за убавината кои ќе ве изненадат

Сте се запрашале ли некогаш колку време и пари трошат жените на пазарење, шминкање или депилирање? Или кој нокт расте најбрзо и колкава е цврстината на човечката коса? Еве некои интересни факти поврзани со убавината и надворешниот изглед кои би ве изненадиле.

Факти за убавината кои ќе ве изненадат

1. Русокосите имаат повеќе коса

Секако, станува збор за природните русокоси. Тие во просек имаат 140.000 влакна на нивната глава, бринетите имаат околу 110.000, а оние со црна коса 108.000. Најмалку имаат црвенокосите кои во просек имаат 80.000 влакна на главата.

2. Поминуваме 58 денови во депилирање

Жените во просек поминуваат 58 дена од целокупниот животен век во депилирање и отстранување на несаканите влакна.

3. Ноктот на средниот прст најбрзо расте

Ноктот на средниот прст во просек расте побрзо од останатите. Исто така, во лето ноктите растат побрзо отколку во зима. Сте знаеле дека ноктите на раката со која повеќе работите растат побрзо? На пример, доколку сте десничари, побрзо ви растат ноктите на прстите од десната рака.

Факти за убавината кои ќе ве изненадат

4. Црвенокосите се реткост

Луѓето со природна црвена коса се најретки. Иако за детето да има црвена коса мора и двајцата родители да носат такви гени, научниците тврдат дека спротивно од постоечките верувања, природната црвена боја на коса нема да исчезне во скоро време.

5. Жените трошат многу пари и време за декоративна козметика

Самиот факт можеби не го доживеавте како некое изненадување, но прочитајте ги статистичките податоци. Резултатите од едно истражување во 2010 година покажале дека жените во текот на целиот живот во просек трошат 13.000 долари за шминка, а поминуваат 330 часови нанесувајќи ја.

6. Во просек поминуваме 9 години пазарејќи

Просечна жена поминува околу 9 години од нејзиниот живот во пазарење и шопинг.

Факти за убавината кои ќе ве изненадат

7. Како што изминува работната недела, трошиме сè помалку време на спремање и дотерување

Ова важи и за мажите и за жените. Во понеделник жените поминуваат 76 минути подготвувајќи се за на работа, но околу 19 минути во петок. Мажите, од друга страна, поминуваат 28 минути во подготовки во понеделник, а само 11 во петок. Па како резултат на ова, најверојатно сите сме најубави во понеделник.

8. Просечна жена купува 7 пара обувки годишно

За ова и не е потребно некое објаснување. Кога би можеле би купувале и повеќе.

9. Постојат само два вида коса

Генетски гледано, постојат само два вида коса, и тоа права и виткана. Брановидната коса е резултат на тоа што личноста има по еден ген од двата вида.

Факти за убавината кои ќе ве изненадат

10. Со текот на времето се зголемува просечната величина на женските обувки

На почетокот на дваесеттиот век, просечната вечичина на обувки кај жените била број 35 или 35,5, во шеесеттите 37,5 или 38, додека денес е 41.

11. Најпродаваниот производ за убавина во светот е маскарата

Најпродаваниот мејкап производ во светот е маскарата Great Lash од Мејблин, која за првпат почнала да се произведува во 1971 година. По еден примерок од оваа маскара се купува на секои 1,6 секунди.

12. Најпродаваниот парфем е Шанел 5

За првпат е произведен во 1919, а се претпоставува дека на секои 90 секунди се купува по едно шишенце од овој парфем.

Факти за убавината кои ќе ве изненадат

13. Човечката коса е поцврста отколку што многумина мислат

Кога е сува, човечката коса има поголема цврстина при истегнување отколку најлон со иста дебелина.

14. Бебињата се раѓаат со сини очи

Нивната вистинска боја на очите се развива во првите неколку години од животот како резултат на тоа што светлината го поттикнува производството на пигментот меланин. Во просек, само еден од шест возрасни има природно сини очи, а овој број се намалува како резултат на миграциите и мешаните бракови.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар