Факти за Курт Кобејн што не сте ги знаеле

Курт Кобејн има свои обожаватели во сите генерации од неговото појавување, па сè до денес, но веројатно сè уште постојат некои вакви податоци од неговиот живот кои малкумина ги знаат.

Факти за Курт Кобејн што не сте ги знаеле

Не знаел што е Teen Spirit кога ја напишал Smells Like Teen Spirit

Ремек-делото Smells Like Teen Spirit го добило насловот според дезодоранс. Пејачката Кејтлин Хана од Бикини Кил на ѕидот на собата на Курт напишала: „Курт мириса на Teen Spirit“, дезодорансот на неговата девојка. Тој не бил свесен за тоа, но реченицата му звучела револуционерно, па си направил песна според тоа.

Сменил повеќе религии

По разводот на неговите родители, Курт станал многу проблематичен поради што татко му го пратил да живее кај негови пријатели. Кај нив го прифатил христијанството и редовно ја посетувал црквата, но подоцна почнал да практикува будизам и џаинизам.

Ги штител ЛГБТ луѓето

Во средно училиште имал пријател-хомосексуалец и поради тоа трпел навреди од хомофобичните соученици. Во дневникот напишал дека посакувал да бил хомосексуалец само за да ги нервира оние што го мразат, а низ градот со спреј пишувал графити „Господ е геј“.

Неговата девојка му била инспирација за некои од најдобрите песни

Додека бил во врска со Тоби Вејл, членка на Бикини Хил, Кобејн направил некои од своите најдобри песни кои се нашле на албумот „Nevermind“. Во меѓувреме раскинале, па тој сакал албумот да се подели на два дела: „Момче“ – песни за неговото детство, и „Девојка“ – песни инспирирани од Тоби.

Факти за Курт Кобејн што не сте ги знаеле

Тешко се справувал со гневот кога бил тинејџер

Курт многу драматично го доживеал разводот на своите родители. Прво се повлекол во себе, а потоа гневот го покажувал преку разни акти на агресија. Малтретирал деца на училиште, пишувал графити каде стигнал, и намерно губел борби во борење само за да го изнервира татко му, иако бил одличен борач.

Текстовите на песните не му биле важни

Секогаш се чудел поради „фројдовските анализи на неговите текстови“, иако тие немале некое длабоко значење. Тој сметал дека музиката зборува повеќе од текстот.

Неговите предци биле чевлари

Предците на Курт се од Северна Ирска и биле чевлари. Покрај ирското, тој има и шкотско и германско потекло.

Можно е да имал рак на стомакот

Кобејн страдал од стомачни болки кои лекарите можеле да си ги објаснат само со можноста тој да боледува од некаква ретка форма на рак на стомакот. За жал, славниот пејач не се лекувал со лекови, туку „си олеснувал“ со хероин.

Преферирал комфор во облекувањето

Не му бил битен стилот, туку удобноста на она во што е облечен. На неговата венчавка бил облечен во пижами затоа што го мрзело да се пресоблече во костум.

Факти за Курт Кобејн што не сте ги знаеле


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар