Факти поврзани со храната и пијалаците

Ова е период на полни трпези, па затоа ви сервираме неколку интересни факти поврзани со храната и пијалаците. :)

Кафе за повеќе секс

Кафето е фактор број еден во расонувањето и во борбата со мамурлакот во овие празнични денови. Но, дали сте знаеле дека љубителите на кафе имаат повеќе секс од останатите? Во моќта на овој афродизијак, во моментов најмногу уживаат Финците. Тие се на врвот по конзумирање на овој напиток. Дневно пијат по дури 5 шолји кафе.

Следен факт е дека зрната кафе всушност не се плодови зрна, туку се семе кое на почетокот се користело како храна. Во Африка го мешале со сланина и подготвувале т.н. енергетски топчиња. И за лековитите својства на кафето многу се зборува. Познато е дека го зголемува ефектот кај аналгетиците и дека делува како антиоксиданс, односно ја штити кожата од стареење. Ова се само мал дел од благодетите на филџанот кафе, кој секодневно го практикуваат околу две милијарди луѓе.

Факти поврзани со храната и пијалаците

Кока-колата е зелена

Најомилена меѓу безалкохолните пијалаци е Кока-колата. Без неа не поминува речиси ниту една забава. Ја мешаме со алкохол, со кафе и со што уште не. Знаеме многу корисни комбинации, но не и дека ако не ù се додадат вештачки бои, таа би била зелена.

Кока-колата е исто така и првиот безалкохолен пијалак кој се конзумирал во вселената. Направена е во 1886 година, во аптека во Атланта. Тогаш, во вкусот на Кока-колата, љубителите уживале за само 5 центи, што е еднакво на сегашните 2 денари. Ја измислил Џон Пембертон и од 1885 година до 1903 содржела кока, односно активна состојка на кокаинот. Првата фабрика за производство на Кока-кола е отворена во Франција, во 1919 година, а постоел само еден неуспешен обид да се промени оригиналниот рецепт.

Факти поврзани со храната и пијалаците

Некои масти се борат против зголемениот холестерол

Со богатите празнични трпези, несомнено внесуваме и големи количества масти. Но, не треба да се плашиме секогаш кога ќе го слушнеме овој збор. Треба да знаете дека има и позитивни масти кои го намалуваат холестеролот во крвта. Тие може да ги внесете преку оревите, лешниците, авокадото, рибата, маслиновото масло. Затоа, слободно збогатете ја трпезата и со овие хранливи продукти. Во случај пак, да сакате целосно да ги избегнете и позитивните и негативните масти, тогаш вистинскиот избор се морковите. Тие не содржат ниту еден процент маст.

Факти поврзани со храната и пијалаците

Бананите се радиоактивни

Бананите се природно радиоактивни. Содржат високи количества Kалиум-40. Тој е радиоактивен изотоп на калиумот. Но, не плашете се, бидејќи за да ви наштетат, треба да изедете точно 10 милиони банани. Количините кои сме навикнати да ги конзумираме, навистина не ни можат ништо.

За позитивната страна на бананите има значително повеќе податоци. Тие содржат триптофан. Тој е вид протеин кој кога го внесуваме во телото се претвора во серотонин, односно во виновникот за добро расположение и среќа. Милкшејк со банана пак, во комбинација со мед, одлично се справува со мамурлакот. Бананите се корисни и за пушачите, оние кои сакаат да се откажат од овој порок. Витамините Б6 и Б12 ги убиваат симптомите од апстиненцијалната криза. Корисни ефекти има и лушпата од банана. Таа може да лекува вирусни брадавици.

Факти поврзани со храната и пијалаците

Пицата и математиката

Формулата за волумен на пица е пица. Се прашувате од каде сега пак ова? Епа вака:

Го земaме оригиналниот збор PIZZA и ако Z = радиус на пицата, A = висината, тогаш
PI x радиус2 x висината = Pi x Z x Z x A = PIZZA.

Инаку, знаете дека пицата во минатото била храна за сиромашните. Еден од податоците е дека во Наполи, Италија, со ова тенко тесто проверувале дали и колку е загреана печката. Тестото подоцна им го продавале на сиромашните. Тие врз него ги ставале остатоците од храна, зачините со кои располагле или на кратко сè што имале и како такво го јаделе.

Факти поврзани со храната и пијалаците

1.000 калории = 1 грам ТНТ

Се чудите од каде ви е толку многу енергија, а сте изеле сосема малку храна. Треба да знаете дека енергетската вредност на една килокалорија (1.000 калории) е еднаква на еден грам ТНТ. Точно така, калоријата е мерка за енергија. Штом слушнеме калории веднаш ни текнува на храна, но таа не е тесно поврзана со храната, туку ја има во сè што има енергија. Калориите за храна најчесто се мерат во килокалории.

Килокалоријата е количината на енергија потребна за да се покачи температурата на еден килограм вода за еден Целзиусов степен. Една калорија е еднаква на 4,184 Џули. На ист начин како што ја овозможуваат функцијата на човечкиот организам, калориите го движат и автомобилот. Така на пример, во еден литар бензин има 7.750.000 калории.

Факти поврзани со храната и пијалаците

Црвената течност во сировата шницла не е крв

Иако се нарекува крваво месо, сепак во него нема воопшто крв. Црвената течност во средината на шницлата е всушност протеинот миоглобин измешан со водата во мускулот. Тој е високо пигментиран протеин, со нагласено црвена боја. Колку повеќе миоглобин содржи месото, толку тоа ќе биде поцрвено, односно потемно откако ќе го зготвите. Овој протеин складира кислород во мускулните клетки. Тој е многу сличен на хемоглобинот, кој пак, носи кислород во црвените крвни зрнца, процес неопходен за обезбедување енергија на активните мускули.

Факти поврзани со храната и пијалаците

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар