Евтино и лесно: Како да направите апарат за филтрирање вода во само 3 чекори?

Евтино и лесно: Како да направите апарат за филтрирање вода во само 3 чекори?

Апаратот за филтрирање на водата добро би дошол во вашиот дом, но неговата цена може да ви ја уништи идејата за негово купување. Решението сепак постои, бидејќи водата за пиење можете да ја прочистите и користејќи апарат за филтрирање кој лесно ќе го направите и сами. Во продолжение погледнете како.

1-evtino-i-lesno-kako-vo-3-chekori-da-napravite-aparat-za-filtriranje-na-voda-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Пластично шише со потесен горен дел
  • Нож
  • Шило
  • Памук
  • 20 капсули активен јаглен
Начин на изработка:

1. Со помош на ножот исечете го дното на пластичното шише по ширина.

2. На капачето издупчете колку што можете повеќе мали дупчиња, а потоа вратете го на шишето.

3. Парчињата памук напикајте ги во потесниот горен дел од шишето. Земете 10 капсули активен јаглен и издробете ги во прав, а потоа ставете ги во шишето. Издробете ги и преостанатите 10 капсули и нив ставете ги во шишето. Ставете уште памук во грлото на шишето и добро притиснете го.

2-evtino-i-lesno-kako-vo-3-chekori-da-napravite-aparat-za-filtriranje-na-voda-www.kafepauza.mk_

Филтерот е подготвен за употреба, а користете го така што ќе налевате вода во него која прочистена потоа ќе тече во чист сад поставен под шишето.

Активниот јаглен често се користи во медицината и е познат по своето својство за впивање на органските и неоргански отрови, боја, микроорганизми и токсини, па така ги задржува и штетните состојки од водата за пиење која на тој начин станува поздрава.

Во следното видео погледнете ја деталната постапка за изработка на апаратот за филтрирање на водата од пластично шише.

Бидете паметни и економични, односно погледнете неколку начини како да заштедите вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар