Европски села кои ќе ви го одземат здивот

Европски села кои ќе ви го одземат здивот

Веб-сајтот „Foxnews“ составил една куса листа на најживописните села. Ова се мал дел од светски, не толку познатите места, на кои можете да се одморите и да си ја наполните душата од убавини.

Бибери, Англија

Камените куќички покрај патот „Arlington“ во селото Бибери во Англија, датираат од 14-от век и се најфотографираните во овој дел од земјата. Познатиот писател Вилијам Морис ова село го опишал како најубаво во цела Англија. Селцето е сместено крај реката Колн во централно-западниот ридест дел на Англија.

Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Савока, Италија

Сицилијанското село Савока е сместено на брдо помеѓу градовите Месина и Таормина на источниот брег од островот. Доколку сте во потрага по идилично место за одмор, ова мало селце навистина може да ви биде избор број еден. Во ова селце, се снимени и дел од сцените за култниот филм „Кум“.

Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Венген, Швајцарија

Благодарение на неговата локација, високо во Алпите и неговите традиционални дрвени куќички, швајцарското село Венген делува како да е од соништата. Кога ќе се додаде и фактот дека во селото е забрането да се возат автомобили, целокупната слика за местото е совршена.

Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Чешки Крумов, Чешка

Селцето се наоѓа на реката Влтава, а е изградено околу дворци кои датираат од 13-от век. Дворците содржат готски, ренесансни и барокни елементи. Ова место е извонреден пример на средновековно селце чија градба останала недопрена. Токму од оваа причина од 1992 година, заштитено е од страна на УНЕСКО.

Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. ... Reply

    mestoto vo ceska neli e karlovi vari?

  2. Маја Reply

    Селата се преубави, но јас сакам да упатам поздрав до авторот, од исто така страстен фан на Федерер 🙂

Напиши одговор на ... Откажи одговор