Европски села кои ќе ви го одземат здивот

13 May, 2012 2 коментари од

Веб-сајтот „Foxnews“ составил една куса листа на најживописните села. Ова се мал дел од светски, не толку познатите места, на кои можете да се одморите и да си ја наполните душата од убавини.

Бибери, Англија

Камените куќички покрај патот „Arlington“ во селото Бибери во Англија, датираат од 14-от век и се најфотографираните во овој дел од земјата. Познатиот писател Вилијам Морис ова село го опишал како најубаво во цела Англија. Селцето е сместено крај реката Колн во централно-западниот ридест дел на Англија.Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Савока, Италија

Сицилијанското село Савока е сместено на брдо помеѓу градовите Месина и Таормина на источниот брег од островот. Доколку сте во потрага по идилично место за одмор, ова мало селце навистина може да ви биде избор број еден. Во ова селце, се снимени и дел од сцените за култниот филм „Кум“.Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Венген, Швајцарија

Благодарение на неговата локација, високо во Алпите и неговите традиционални дрвени куќички, швајцарското село Венген делува како да е од соништата. Кога ќе се додаде и фактот дека во селото е забрането да се возат автомобили, целокупната слика за местото е совршена.Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот

Чешки Крумов, Чешка

Селцето се наоѓа на реката Влтава, а е изградено околу дворци кои датираат од 13-от век. Дворците содржат готски, ренесансни и барокни елементи. Ова место е извонреден пример на средновековно селце чија градба останала недопрена. Токму од оваа причина од 1992 година, заштитено е од страна на УНЕСКО.Европски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Занимливости

Tags: , , , ,

За авторот

Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

2 коментари за “Европски села кои ќе ви го одземат здивот”

  1. ... says:

    mestoto vo ceska neli e karlovi vari?

  2. Маја says:

    Селата се преубави, но јас сакам да упатам поздрав до авторот, од исто така страстен фан на Федерер :)

Остави коментар

Read more:
Јусеин Болт „пее“ и инспирира
Јусеин Болт „пее“ и инспирира

Perfect Couples (Совршени парови)
Perfect Couples (Совршени парови)

Би чувале ли мечка како домашно милениче?
Би чувале ли мечка како домашно милениче?

Close