Еволуцијата на Порше 911 низ годините

Порше 911 отсекогаш бил еден од најпосакуваните автомобили за сите љубители на доброто возење, па затоа е и еден од ретките кои успеале да се задржт во производство повеќе од 50 години. Еволуирајќи низ годините, овој модел не претрпел премногу промени во дизајнот, со што го задржал својот автентичен шарм од минатото.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеИзненадувачки е фактот дека предокот на Порше 911 е Бубата на Фолксфаген. Кружните предни светла и моторот сместен во задниот дел послужиле како пример на Порше за конструирање на својот прв модел.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеАко Бубата е предокот, тогаш Порше 356 се смета за татко на 911. Тој бил поширок, понизок и побрз од култниот модел на Фолксфаген.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеПрвиот Порше 911 е произведен во 1963 година и ја поставил основата за сите следни дизајни на овој модел.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеВерзијата од 1974 година направила пресвртница во поглед на перформансите кои ги нуди моделот. Опремен со моќен турбо мотор, Порше 911 завршил втор на трката 24 часа Ле Ман, започнувајќи ја турбо ерата на овој автомобил. Наскоро потоа првите од нив можеле да се забележат и по улиците, а својот наследник го чекале дури 15 години.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеЕволуцијата на Порше 911 низ годинитеЕволуцијата на Порше 911 низ годинитеТоа бил моделот Порше 964, кој многу малку се разликувал од 911 во поглед на дизајнот и перформансите.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеЕволуцијата на Порше 911 низ годинитеПрвите вистински промени дошле во 1993 година со малата интервенција во дизајнот на предните и задните светла.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеМоделот од 1996 година донел уште неколку мали измени во изгледот, но суштинската разлика меѓу него и оригинилниот 911 се состои во моторот кој требало да исполни одредени законски стандарди.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеЕволуцијата на Порше 911 низ годинитеНовиот дизајн од 2005 година потсетува на враќање кон Бубата. Денешното Порше има поокругла форма, но доаѓа во многу повеќе варијанти кои се разликуваат меѓу себе според моторот кој е вграден во нив.Еволуцијата на Порше 911 низ годинитеЕволуцијата на Порше 911 низ годините


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар