Еволуцијата на феминизмот низ историјата - Part 3

Еволуцијата на феминизмот низ историјата

Втор бран: Појавата на интеракција

Еволуцијата на феминизмот низ историјата

Додека многу бели жени ја прифаќале идејата за сестринството, „обоените“ жени истакнувале дека таа идеја ги игнорира нивните проблеми. Како дел од интерактивниот феминизам, феминистките од другите раси се здружувале со феминистки од држави од третиот свет за да се ослободат од колонизирањето од страна на државите од првиот свет. Тие почнале и да бараат низ историските архиви и правеле библиотеки со дела од „обоени“ жени кои претходно биле игнорирани од историјата.

Трет бран: Панк-рок

Еволуцијата на феминизмот низ историјата

Третиот бран се смета дека започнал во 1990-тите. Овој бран ги побива претходните идеи како „универзално сестринство“ и го прифаќа ставот „направи сам“. Во овој период се појавуваат многу женски панк бендови. Феминистките од третиот бран сакале да ги отстранат термините како сестринство, бидејќи сметале дека овие етикети го игнорираат искуството на трансродовите жени и други индивидуи. Овие феминистки не сакале да бидат дел од машкиот свет, туку сакале да создадат целосно нов кој ќе им покаже почит на покомплексните искуства и угнетувања.

Трет бран: Феминизам со високи потпетици

Еволуцијата на феминизмот низ историјата

Овде феминистките од третиот бран ги „збуниле“ нивните претходнички од вториот. Тие ги извадиле кармините, високите потпетици и градниците од корпата за отпадоци и ги носеле со гордост. Многу од нив верувале дека можете да носите пуш-ап градник и да имате мозок во исто време. Феминистките од третиот бран ја дефинирале убавината како што тие сакале да биде. За некои тоа значело држење до идеите од вториот бран, а за други значело облекување како пин-ап девојка. Без разлика како изгледале, феминистките од овој бран нагласувале дека нивниот изглед е нивен избор.

Четврти бран: Сè уште се оформува

Еволуцијата на феминизмот низ историјата

Денес се верува дека феминизмот е во својот четврти бран, иако сè уште не е сосема јасно што тоа значи. Некои активистки сакаат да се отстрани поимот „феминизам“ бидејќи сметаат дека се поврзува со исклучување на пол (на пример „само за жени“). Други сакаат поимот да значи нешто ново, различно, етикета која значи полова еднаквост, како и расна еднаквост, економска еднаквост и крај на колонизацијата.

Погледнете и кои се најголемите митови за феминизмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар