Еве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет

Во последната деценија луѓето станаа сѐ повеќе приврзани со нивните мобилни телефони, па тешко им е да се оттргнат од нив, дури и кога треба да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Според лекарите, носењето телефон во тоалетот може да биде опасно, а еве и зошто.

Еве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет

На повеќето луѓе им се случува да го заборават својот телефон во задниот џеб и доцна да се сетат на тоа, дури откако ќе бидат во тоалетот. Лекарите Чарлс Гербa и Кели Рејнолд, двајцата експерти за микроби, велат дека носењето на телефонот во бањата е сигурен начин да се разболите. Не е тајна дека тоалетите се полни со бактерии.

„Сите тоалети се прекриени со бактерии и патогени, повеќето од фекални материи“, вели доктор Гербa.

Дури и да вложите многу труд за да го исчистите, никогаш нема да можете целосно да ги отстраните сите бактерии. Ако пак користите јавен тоалет, шансите за зараза се уште поголеми. Со други зборови, во кој било тоалет и да влезете, тоа ќе биде полно со микроби и бактерии, па многу е важно да ги миете вашите раце секогаш кога ќе излезете, а со тоа се подразбира дека не треба да го носите со себе својот телефон. Освен тоа што овој простор е полн со бактерии, тие исто така може премногу брзо да се прошират на вашиот телефон, а од таму да ги пренесете на лицето и рацете.

Еве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет

Со една студија спроведена во 2013 година било откриено дека паметните телефони и екраните на таблетите се повеќе заразни од самата тоалетна школка. Помислете само што се случува кога ќе го допрете својот телефон на увото и близу до устата. Бактериите кои се пренесуваат на овој начин се многу опасни, особено оние од тоалетот. Вашиот телефон може да собере штетни бактерии кои може да предизвикаат сериозни стомачни проблеми или проблеми со варењето. Имајќи предвид дека се заразни, тие лесно може да бидат пренесени на вашето семејство или пријателите. Па, без разлика колку е чист вашиот тоалет, подобро е да не го носите телефонот со себе.

„Кога пуштате вода во тоалетната школка, во воздухот се создава ‘облак’ кој е преполн со бактерии и се шири речиси два метра во сите правци, а тоа можете да го решите само доколку го затворите капакот на тоалетната школка“, вели доктор Рејнолд.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар